social imagesocial image

01.03-03.03

Прв ден 01.03.2024 (петок)
СКОПЈЕ – Белград

  • Состанок на групата во 00:30 часот на паркингот наспроти East Gate, поаѓање за Србија во 01:00 ч. Ноќно возење низ Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во утринските часови. Организиран панорамски и пешачки разглед на градот со локален водич: храмот Св.Сава, плоштадите Славија и Теразије, Булеварот на Крал Александар, Скупштина (Парламентот), црквата Св.Марко, Плоштадот на Републиката, Кнез Михајлова улица, тврдината Калемегдан, Народниот Театар, Народниот Музеј. Слободно време за индивидуална прошетка. Сместување во хотел. Ноќевање.

Втор ден 02.03.2024 ( сабота )
Белград-Нови Сад

  • Појадок. По појадокот се упатуваме кон Нови Сад ( факултативно).  Прошетка и разглед на Тврдината со локален туристички водич. По посетата на тврдината групата се упатува кон центарот на Нови Сад. Пешачка тура низ Нови Сад. Слободно време за индивидуална прошетка. Во договор со групата се упатуваме кон Сремски Карловци. Таму ќе имаме можност да се запознаеме со белиот чинар, Соборната црква, Католичката црква, фонтаната со 4 лавови итн.)Враќање во Белград. Слободно време. Ноќевање.

Трет ден 03.03.204 (недела)
Белград-Икеа-Скопје

  • Појадок.По појадокот групата го напушта хотелот. Групата се упатува кон шопинг центар Ушче. Слободно време за индивидуалнии активности. Во договор со групата се упатуваме кон Македонија со попатна посета на Икеа. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

ЦЕНА: 109 евра
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • Сместување во хотел *** на база 2 НП (ноќевање со појадок)
  • Организиран разглед на Белград со локален водич
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето
  • Посета на Ушче
  • Посета на Икеа
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
  • Влезници за музеите и културно – историските споменици
  • Факултативна посета на Нови Сад-20 евра ( со локален туристички водич )
  • Патничко здравствено осигурување

Напомена:
  • За реализација на факултативните излети потребен е минимум број од 20 патници.
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум 30 патници.
 
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета. 
  • Организаторот на патувањето го задржува правото да задржи 90% од вкупната уплатена сума доколку патникот го откаже патувањето до 2 дена пред поаѓање.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
  • Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
  • Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е  должен да ги чека истите.
  • Со потпишување Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови