31.12-03.01

1 ден 31.12.2020  СКОПЈЕ - БЕЛГРАД

  • Состанок на групата кај спортскиот центар Борис Трајковски  во 00:30 ч. Поаѓање за Белград во 01:00 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце, со попатни паузи за одмор.

Пристигнување во Белград во утринските часови. Локалниот водич ќе не запознае со богатото минато на градот, ве водиме на панорамско разгледување на градот со автобус: Титовиот музеј, стадионите на Партизан и Црвена Звезда, плоштадот Славија, храмот на Свети Сава, Парламентот, Стариот и новиот дворец, Теразије,  плоштадот  Република, споменикот на Кнезот Михајло Обреновиќ, Народниот театар, Народниот музеј, студентскиот плоштад. Продолжуваме со пешачката програма на откривање на убавините на Белград: Калемегдан: Најубавиот и најголем Белградски парк но и најзначаен културно историски комплекс во кој доминира Белградската тврдина над устието на реките Сава и Дунав.  Ќе го посетиме споменикот  на Победата, дело на прочуениот Иван Мештровиќ, симбол на победата на српската војска над Отоманската Австоунгарска Империја во војните од 1912-1918. Шетајќи низ најстариот дел од градот познат како Дорчол, ќе дојдеме до Бајракли џамијата, градена од Отоманската Имеперија во 1575 г., единствено сочувана од  273 џамии од времето на Отоманската Империја.Кнез Михајлова-прочуената пешачка улица на Београд, Соборната црква Свети Архангел МихаилКонакот на Кнегињата Љубица, граден како државна резиденција од страна на Принцот Милош Обреновик во 1831. Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности. Ние ви предлагаме прекрасно крстарење со брод по Сава и Дунав. Единствена прилика да го запознаеме Белград од една поинаква перспектива. Ќе се восхитуваме на моќниот Калемегдан, прочуените клубови и кафани сместени на сплавови на реката Сава, новиот градежен проект “Белград на вода“. Секако нашиот  водич ќе не запознае и со приказните за современиот Белград. ПРЕЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА* Ноќевање.

2 ден 01.01.2021  БЕЛГРАД – ФРУШКА ГОРА – СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ – ПЕТРОВАРАДИН – НОВИ САД

  • Појадок.  Ве водиме на целодневен прекрасен излет, испреплетен со богата историја. Возејќи се низ Фрушка гора, ќе посетиме една од многуте познати винарии, Винаријата Ковачевиќ каде ќе имаме можност да дегустираме но и купиме одлично вино од тој крај. Потоа ќе го посетиме Манастирот Ново Хопово кој според својата архитектонска вредност преставува најзначајна сакрална градба во својата епоха на овие простори. Граден во 1451 г.Продолжуваме до Сремски Карловци, место познато уште во времето на Римјаните. Отоманскиот војсководител Бали Бег, во време на Сулејман Величенствени, во 1521 го освојува градот и цели 170 години е под Отоманската Империја. Потоа потпаѓа под Австроунгарија а од 1918 е во состав на Кралството на Срби Хрвати и Словенци (СХС). Град со прекрасни добро сочувани стари градби: Соборната црква Св.Никола, Палатата на Патријаршијата во барокна и неоренесансна архитектура, Римокатоличката црква на Светото Тројство од 1735 г.  Карловачката гимназија од 18 век со најбогата школска библиотека во Србија со 18.000 книги. Тука учел и еден од најголемите Српски поети Бранко  Радичевиќ. На самиот плоштад се наоѓа и фонтаната“4 Лава“ од 1799 г. Ќе ја посетиме и Капелата на мирот, каде во 1699 год е потпишан мир помеѓу Отоманската Империја и Светата лига ( Австрија, Полска и Млетачката Република). Ексклузивно ќе ја  посетиме и куќата каде живел како ученик  поетот  Бранко Радичевиќ,  претворена во музеј.https://www.youtube.com/watch?v=0DPErqC--qY Продолжуваме кон Петроварадинската тврдина:   Разглед на Петроварадинска тврдина. Продолжуваме кон Нови Сад. Пристигнуваме во Нови Сад, град прогласен за Младинска престолнина на Европа за 1919 г., Европска престолнина на културата за 2021 год. Градот е подигнат во 1694 год. Долго време бил центар на српската култура, и затоа го нарекле градот Српска Атина. Денеска Нови Сад е голем финансиски и индустриски центар на српската економија, голем универзитетски град, школски центар, културен, научен, здравствен и политички центар на Автономната Покраина Војводина.  Пешачка програма низ центарот на градот: Римокатоличката црква, Палатата на Владиката, Соборната православна црква, Градската куќа. Време е за кафе во познатиот кафиќ “Безец“.Слободно време за индивидуални прошетки.  Враќање во Белград и нашиот хотел во вечерните часови.    Ноќевање.

3 ден 03.01. 2021  БЕЛГРАД – АВАЛА – СКОПЈЕ

  • Појадок.  Одјавување од хотел. Се упатуваме кон омиленото излетничко место на Белграѓани, планината Авала, висока 511 м Потоа ве водиме во новотворениот трговски центар во Београд “БЕО“. Слободно време за шопинг. Во попладневните часови поаѓаме кон Скопје со попатна посета на шопинг центарот “ИКЕА“. Пристигнување во полноќните часови

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ПО ЛИЦЕ :    

 Хотел 3*  /   85 € во трокреветна соба                  89 € во двокреветна соба

  Хотел 4* / 120 € во трокреветна соба                125 € во двокреветна соба

 Цените се валидни за уплата на аранжманот до  01.Декември 2020.

  • Редовна цена на аранжманот : 10 евра плус за хотел со 3*, 15 евра плус за хотел со 4*

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје  – Белград - Скопје
  • Сместување во хотел со 3* на база  2 ноќевања со појадок
  • Панорамско разгледување на Белград со автобус и локален водич
  • Пешачка тура низ стариот дел на Белград со локален водич
  • Посета на шопинг центарот  Ikea
  • Професионален туристички пратител

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Задолжително патничко осигурување: 175 ден.
  • Влезници, автобуски и трамвајски билети
  • Целодневен излет: Фрушка Гора, Винарија, Сремски Карловци, Петроварадин,Нови Сад: 25€
  • Крстарење по реките Сава и Дунав со брод, локален водич, автобуски преоз: 20€
  • Посета на Авала со автобус и локален водич: 15€
  • Влезници за културно историските споменици, автобуски и трамвајски карти:
  • Туристичка такса во износ од 3€ по лице за две ноќевања, се плаќа во агенција.

 ЕКСКЛУЗИВЕН ПАКЕТ НА СИТЕ ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ: 50€

НАПОМЕНИ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот.
  • *ПРЕЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА:Во зависност од епидемиолошката ситуација, накнадно ќе се објави.
  • Може да се патува и со лична карта. НЕ Е ПОТРЕБЕН ПЦР ТЕСТ.
  • Сместувањето во автобусот е според датумот на уплата. За избор на седиште се доплаќа во агенција при уплата на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот. 
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример, задржување на граница, гужва во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
  • Протоколите пропишани за заштита од Covid-19 ќе бидат во целост применети, задолжителна дезинфекција на влез во автобус, задолжително носење на заштитна маска, одржување дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • Пополнетоста на автобусот е максимум 75%, според новите протоколи за Ковид 19
  • За неисправна патна исправа, задоцнување, загубен багаж и откажување на патувањето или промена, агенцијата не одговара и не надокнадува материјална одштета.
  •