social imagesocial image

11.12.2021

Најтрадиционалниот симбол што ќе го најдете во Грција за време на Божиќните празници е мал дрвен брод украсен со светликави ламбички. Бродот го симболизира поморскиот идентитет на земјата и е своевидно добредојде на морнарите кои се враќаат дома за да го прослават Божиќ со своите семејства. Китењето на Божиќното дрвце е традиционален обичај. Традицијата сеуште е задржана во Кавала, градот распослан на морето каде секоја година се украсува малиот брод поставен на централното пристаниште …


Опис на патувањето:

  • Собирање на групата  во 04:45 на паркингот наспорти скопски саем кај хотел ВИП. Поаѓање за Кавала во 05:00.
  • Ноќно возење со попатни паузи за царински формалности и одмор.
  • Слободно време за индивидуални активности и  Божиќно уживање во Божиќната магија.
  • Тргнување за Скопје во 18:00 часот

Цена за возрасни: 1300 денари
Цена за деца до 10 години: 1000 денари

 
 
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета. 
  • Организаторот на патувањето го задржува правото да задржи 90% од вкупната уплатена сума доколку патникот го откаже патувањето до 2 дена пред поаѓање.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
  • Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
  • Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е  должен да ги чека истите.
  • Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.