Демир Капија-Дојран

09.05.2021

Еден дел од историјата на Демир Капија, кој во едно место ги поврзала виното и љубовта е во винарската визба Вила Марија. Изградена е на просторот каде што се спојуваат медитеранска и умерено континентална клима и каде што има дури 280 сончеви денови во годината. Приказната започнува во 1928 година кога кралот и кралицата Александар и Марија Караѓорѓевиќ решиле да купат имот за винарска визба. Во дворор на винарскаѕта визба се наоѓаат изложени стари машини и буриња кои служеле за преработка и чување на виното. 

Винарската визба Попова Кула заедно со лозовите насади се лоцирани на јужната падина на Големо брдо, западно од Демир Капија, во непосредна близина на автопатот Е-75. Винарската визба своето име го добила според една значајна кула, Попова кула, којашто некогаш служела како конторлна точка на стариот Римски пат кој што поминува во непосредна близина на денешната локација на винарската визба

За Дојран постојат многу легенди и преданија.Во местото каде што е денешен Дојран живеела една многу убава девојка, Дојрана. По неа ја забележал еден Османлиски бег и се заљубил во нејзе. Отишол кај нејзините родители и ја побарал за жена. Но девојката не го сакала. Така еден ден отишла да ѓи наполни стомните сo вода од едно изворче.Но, тогаш Осламискиот бег(тој што бил заљубен во нејзе) ја забележал и потрчал по нејзе. Но таа не го сакала и несакала другите околу неа да имаат маки, па се фрлила во изворчето! Утредента изворчето се проширило, го поплавило целото место. Станало езеро. По името на девојката- Дојрана, езерото го добило своето име ’Дојран’.
 

Опис на патувањето:

  • Тргнување од паркинг кај Вип Хотел, наспроти Скопски Саем, во 07:30 часот (собирање на група 07:15 ч.)
  • Прошетка и разглед на винариите Попова Кула и Вила Марија во Демир Капија
  • Поаѓање кон Дојран. Слободно време за индивидуална прошетка и факултативен ручек.
  • Во 18:00 часот тргнување за Скопје.

 
Понудата вклучува:
  • Превоз на наведената локација.
  • Организација и водство на патувањето.
  • Посета на винариите во Демир Капија
  • Посета на Дојран
 

Понудата не вклучува:
  • Индивидуални трошоци.
  • Влезници за културно историски споменици.

Цена: 650 денари од лице
 
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 3 дена пред датумот на започнување на истиот.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот. 
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример, задржување на граница, гужва во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
  • За неисправна патна исправа, задоцнување, загубен багаж и откажување на патувањето или промена, агенцијата не одговара и не надокнадува материјална одштета.