25.04.2021

Тирана е главен и најнаселен град на Албанија. Како град основан е во 1614 година, но регионот што денес одговара на територијата на градот бил постојано населен од бронзеното време. Тирана се наоѓа во центарот на земјата опкружена со планини и ридови, со Дајт на исток и со мала долина и пространство на северозапад, со поглед на Јадранското Море во далечината. Поради својата локација во рамнината на Тирана и близината на Јадранското Море, градот е под влијание на медитеранската сезонска клима. 

Драч е приморски град во Албанија кој излегува на Јадранско море.. Претставува седиште на Драчката област средна Албанија на 35 км од главниот град Тирана. Драч претставува најголемото пристаниште во Албанија и важна порта кон Средоземјето, а тоа го прави најзначаен град во развојот на економијата во земјата. Тој е всушност и најстариот град во Албанија чии зачетоци се во антиката. Според пописот од 2003 г. во Драч живеат околу 114.000 жители, а има и извесен број етничко македонско население.

Опис на патувањето:
 
  • Тргнување од паркингот кај Вип Хотел, наспроти Скопски саем во 06:00 часот ( собирање на група 05:45). Патувањето води кон граничен премин Ќафасан. Пауза за царински формалности и одмор. Во претпладневните часови пристигнување во Драч.
  • . Слободно време за прошетка и разглед на Драч. Во договорено време групата се упатува кон Тирана.  Индивидуална прошетка и разглед на плоштадот Скендербег, Саат Куклата, Националниот историски музеј, Катедралата. Во вечерните часови групата се упатува кон Скопје. 
 
Понудата вклучува:
  • Превоз на наведената релација.
  • Организација и водство на патувањето.
  • Посета на Драч
  • Посета на Тирана

Понудата не вклучува:
  • Индивидуални трошоци
  • Влезници за културно историски споменици
Цена; 1200 денари
 
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 3 дена пред датумот на започнување на истиот.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот. 
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример, задржување на граница, гужва во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
  • За неисправна патна исправа, задоцнување, загубен багаж и откажување на патувањето или промена, агенцијата не одговара и не надокнадува материјална одштета.