Елбасан и Драч

07.03.2021

Елбасан е еден од најголемите градови во Албанија и е административен центар на истоимената област којашто опфаќа 4 околии: Елбасанска околија, Грамшова околија, Либраждова околија и Пеќинска околија. До почетокот на Втората светска војна, Елбасан личел на типичен османски град, со мешавина на источни и средновековни згради, тесно поплочени улици и голем пазар. Во центарот на градот постои православна црква, а околу 7 километри надвор од градот постои стар манастир и православна црква каде што моштите на Јован Владимир, чувани од 1381 до 1995 година, се префрлени во соборната црква во Тирана.

Драч е приморски град  во Албанија кој излегува на Јадранско море. Претставува седиште на Драчката област одалечен на 35 км од главниот град Тирана Драч претставува најголемото пристаниште во Албанија и важна порта кон Средоземјето, а тоа го прави најзначаен град во развојот на економијата во земјата. Тој е всушност и најстариот град во Албанија чии зачетоци се во антиката. 

Опис на патувањето:
  • Поаѓање од паркинг наспроти скопски саем кај хотел Вип во 05.00 часот (собирање на група 04:45). Пауза за царински формалности и одмор.
  • Предвидено време за пристигнување во Елбасан околу 9-10 часот. Слободно време за активности како посета на тврдината во Елбасан и индивидуална прошетка низ градот.
  • Во претпладневните часови во договор со групата се упатуваме кон Берат. Слободно време за прошетка и разглед на градот.
  • Во 17:00 часот поаѓање за Скопје

Понудата вклучува:
  • Посета на Елбасан 
  • Посета на Драч
  • Превоз на наведената релација 
  • Организација и водство на патувањето.

Понудата не вклучува: 
  • Индивидуални трошоци
  • Влезници за културно историски спомениц
 
Цена: 1200 денари
 
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 3 дена пред датумот на започнување на истиот.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот. 
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример, задржување на граница, гужва во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
  • За неисправна патна исправа, задоцнување, загубен багаж и откажување на патувањето или промена, агенцијата не одговара и не надокнадува материјална одштета.