Кораб Трница-Св.Јован Бигорски- Вевчани-Струга

11.10.2021

Во срцето на Горна Река, меѓу високите Кораб, Шара и Бистра, кај многуте расфрлени планински рекички и Радика, меѓу зимзелените дрвја и секвојата што гордо ве пречекува, се наоѓа комплексот „Кораб Трница“. Комплексот е оддалечен 5 (пет) километри од Мавровско Езеро, на патот кон Дебар.

Бигорски манастир или  Св. Јован Крстител е манастир кој се наоѓа на патот помеѓу Гостивар и Дебар во непосредна близина на селата Ростуше, Битуше, Велебрдо и Требиште, по течението на реката Радика во Западна Македонија. Манастирот е основан од страна на монахот Јован во 1020 година а во XVI век манастирот бил разрушен од страна на отоманската власт а од целиот комплекс останала само мала црква. Името на манастирот доаѓа од фактот што објектот бил изграден од бигор. Овој манастир го сочинуваат манастирската црква која е посветена на Јован Крстител, костурницата сместена до самата црква комплексот манастирски конаци како и новоизградените гостински конаци.  

Општина Вевчани е општина во Република Македонија, во југозападниот дел на земјата. Карактеристично е тоа што има само едно населено место самото село вевчани, каде е сместена општинската управа. Општина Вевчани не била целосно променета во 2004 година.   

Струга е град во југозападниот дел на Република Македонија и центар на Општина Струга. Градот Струга лежи во рамнината на Струшкото Поле на двата брега на реката Црн Дрим  и на северниот брег на Охридското езеро.Античкото име на градот е Енхалон  кој на старогрчки значи јагула и во тоа време градот бил мала населба. Подоцна населбата го добива името Струга. 


Опис на патувањето:
  • Тргнување од паркинг кај Вип Хотел, наспроти Скопски Саем, во 07:30 часот (собирање на група 07:15 ч.)
  • Прво застанување во комплекс Кораб Трница.
  • Пристигнување во Св. Јован Бигорски.Слободно време за посета и разглед на манастирот.
  • По разгледот на манастирот групата се упатува кон Вевчани. Слободно време за разглед на Вевчански извори. 
  • Во 18:00 часот тргнување кон Скопје.
 
Понудата вклучува:
 
  • Посета на комплекс Кораб Трница
  • Посета на Св.Јован Бигорски
  • Посета на Вевчани
  • Посета на Струга
  • Организација и водство на патувањето

Понудата не вклучува:
  • Индивидуални трошоци.
  • Влезници за културно историски споменици 

Цена: 600 денари од лице

 
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета. 
  • Организаторот на патувањето го задржува правото да задржи 90% од вкупната уплатена сума доколку патникот го откаже патувањето до 2 дена пред поаѓање.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
  • Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
  • Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е  должен да ги чека истите.
  • Со потпишување Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.