Св.Јован Бигорски, Рајчица, Елен Скок, Јанче

14.06.2020

Бигорски манастир или  Св. Јован Крстител е манастир кој се наоѓа на патот помеѓу Гостивар и Дебар во непосредна близина на селата Ростуше, Битуше, Велебрдо и Требиште, по течението на реката Радика во Западна Македонија. Манастирот е основан од страна на монахот Јован во 1020 година а во XVI век манастирот бил разрушен од страна на отоманската власт а од целиот комплекс останала само мала црква. Името на манастирот доаѓа од фактот што објектот бил изграден од бигор. Овој манастир го сочинуваат манастирската црква која е посветена на Јован Крстител, костурницата сместена до самата црква комплексот манастирски конаци како и новоизградените гостински конаци. 
 
Раички манастир или понекогаш Рајчички манастир — манастир во селото Рајчица, во непосредна близина на градот Дебар, односно во неговото предградие на само 2 км од центарот. Тој претставува женски манастир и е метох на познатиот и најбогатиот македонски Бигорски манастир. Овој манастир се претпоставува дека е основан во почетокот на XIV век, како метох на Бигорскиот манастир Свети Јован во Дебарското поле. 

Елен скок е камен лачен мост кој се наоѓа во околината на селото Могорче во Реканскиот регион на Западна Македонија. Изграден е кон средината на 18 век од делкан камен со само еден лак според плановите и од страна на мимар Хајрудин. 
Според првата легенда, мостот е изграден во знак на сеќавање на момчето кое за да ја одбрани честа на својата девојка убил еден турски бег. По настанот, Турците пратиле силен аскер за да го фатат. Гонет од аскерот момчето бегало и стасало до надојдената Мала Река. Во тој момент на очај и безизлез за момчето, од шумата се појавиле самовили и го претвориле во прекрасен елен, кој без проблем ја прескокнал реката. Подоцна, во знак на сеќавање на настанот, но и како благодарност до самовилите, селаните го изградиле мостот.

Над течението на реката Радика, со своите скалесто наредени куќи се наоѓа селото Јанче. Истото се наоѓа на 760 метри надморска височина и претставува село од збиен тип. Кога би го гледале од далечина би приметиле дека истото наликува на орловско гнездо завиено од сите страни со планински врвови. Всушност Јанче претставува дом на Мијаците. Во минатото ова село било сместено во месноста викана Јанечки ливади изложено на секојдневни пљачкосувања. Но подоцна истото е преместено поблиску до патот за подобра комуникација со останатите населени места. Според бројните легенди потеклото на името доаѓа од првиот населен човек тука со име Јане
 
 
Опис на патувањето:
  • Тргнување од паркинг кај Вип Хотел, наспроти Скопски Саем, во 07:30 часот (собирање на група 07:15 ч.)
  • Пауза во комплекс Кораб Трница.
  • Предвидено време за пристигнување во Св. Јован Бигорски  до 10 часот.Слободно време за посета и раглед на манастирот.
  • Посета и разглед на манастирот Рајчица
  • Посета на мостот Еленски Скок
  • Посета на селото Јанче и можност за факултативен ручек во хотел Туто.
  • Во 18:00 часот тргнување кон Скопје
 
Понудата вклучува:
Посета на Св. Јован Бигорски
Посета на манастирот Рајчица 
Прошетка и разглед на Еленски Скок 
Посета на селото Јанче.
Превоз на наведените локации
Организација и водство на патувањето

Понудата не вклучува:
  • Индивидуални трошоци.
  • Влезници за културно историски споменици 

Цена: 600 денари од лице
 
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 3 дена пред датумот на започнување на истиот.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот. 
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример, задржување на граница, гужва во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
  • За неисправна патна исправа, задоцнување, загубен багаж и откажување на патувањето или промена, агенцијата не одговара и не надокнадува материјална одштета.