Крушево град во западниот дел на Република Македонија. Тој е градот на некогашната Крушевска Република. Над градот се наоѓа познатиот споменик Македониум. Во опширниот пописен дефтер Н0 4 од 1467/68 година, објавен од Архивот на Македонија, се наоѓа најстариот помен за Крушево, кога нему, како мезра, му било дадено на спахијата Хусеин-бег, заедно со Прилеп и со други 31 село. Сепак, градот ја добил неговата денешна форма со доаѓањето на Власите од Москополе и Мијаците од околината, во текот на XVIII век. Заедно со Власите во Крушево дошле и поголем број православни Албанци, кои во текот на историјата се повлашиле.
Опис на патувањето:
- Поаѓање во 07:30 (07:15 собирање на група на паркинг наспорти скопски саем кај хотел Вип )
- Предвидено време за пристигнување во Крушево околу 09-10 часот.
- Пешачка тура во која ќе се посети црквата Св.Никола, споменикот Македониум, гробот и спомен куќата на Тоше Проески.
- Слободно време за прошетка и разглед на Крушево.
- Тргнување за Скопје во 17:00 часот
Програмата вклучува:
- Превоз на дадената релација.
- Организација и водство на патувањетe.
Програмата не вклучува:
- Влезници во Македониумот 30 денари
- Влезница за спомен куќата на Тоше Проески 50 денари
Цена:700 денари