Св.Стефан Липовац, Св.Роман,Ѓунис, Крушевац

11.02.2023

Манастирот Св.Стефан Липовац се наоѓа во непосредна близина на Алексинац, кај селото Липовац и припаѓа на Нишката епархија. Подигнат е во втората половина на  14 век на извор на Санстефанската река, покрај карпата Лесковиќ. Првовремено цркават е изградена како придворна црква на некој непознат монах.

Манастирот Ѓунис со црквата на Пресвета Богородица е женски манастир на Српската православна црква во Нишката епархија. Манастирот се наоѓа во областа Крушевац, во источното село Ѓунис, во долината на Јужна Морава.Според преданијата, во 1898 година, ова свето место било откриено од Девицата Марија, која на  тринаесетгодишно девојче по име Милојка Јоциќ од Ѓунис, и кажува дека на тоа место каде што се наоѓа денес манастирот треба да изгради црква.
               
Манастирот посветен на Св. Роман
е манастир кој припаѓа на мала група манастири што биле изградени пред Неманџиќ. Манастирот е познат по тоа што тука како монах живее Роман Синаит кој подоцна е прогласен за светец, па затоа манастирот е именуван по него. 
 

Опис на програмата:

  • Тргнување во 06:00 часот ( состанок на групата на паркинг наспорти скопски саем кај Хотел вип во 05:45). Се патува преку граничен премин Табановце.Предвидено време за пристигнување во манастирот Св.Стефан Липовац во утринските часови.
  • Посета и разглед на манастирот. По посетата се упатуваме кон посета на манастирот Св.Роман. Посета и разглед на манастирот.
  • По посетата се упатуваме кон посета на манастирот покров на Пресвета Богородица во Ѓунис. Посета и разглед на манастирот.
  • По посетата на манастирот групата се упатува кон Крушевац. Слободно време за индивидуални активности. 
  • Предвидено време за тргнување за Македонија од Крушевац во 17:00 часот.
 

Понудата вклучува

  • Превоз на наведената релација
  • Посета на манастирот Св. Стефан Липовац
  • Посета на Манастирот Покров на Пресвета Богородица-Ѓунис
  • Посета на манастирот Св. Роман
  • Посета на Крушевац
  • Организација и водство на патувањето

Понудата не вклучува:
  • Индивидуални трошоци
  • Влезници за културно историски споменици

Цена: 1200 денари


ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:

  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета. 
  • Во случај на отказ патникот е должен да плати:
  • За отказ до 2 дена пред поаѓање се задржува износ од 90 % од цената на аранжманот
  • За отказ од 3 до 5 дена пред поаѓање се задржува износ од 70 % од цената на аранжманот
  • За отказ од 6-15 дена пред поаѓање се задржува износ од 50 % од цената на аранжманот
  • За отказ преку 15 дена пред поаѓање  се задржува износ од 10 % од цената на аранжманот
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
  • Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
  • Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е  должен да ги чека истите.
  • Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.