09.03-10.03.2024

Пожарско или на грчки Лутраки е село во Мегленско односно во Егејска Македонија. Под името Пожар тоа било познато до 1922 година. Пожарско се наоѓа во северозападниот дел од котлината Меглен, во зелените делови на планината Кајмакчалан, на само 13 километри од градот С’ботско. Лутраки е претставен како дар од природата кој е опколен со бујна вегетација, бројни манстири, потоци, а најпознати од се се топлите бањи.Тука во Лутраки топлите бањи се со температура на водата од 37 до 38 степени Целзиусови.Водите се лековити и се препорачуваат за болни од ревма, ишијас, бронхит, дерматолошки и гинеколошки проблеми, како и циркулаторни и респираторни нарушувања. 
Воден или на грчки Едеса е град во Егејска Македонија, северозападно од Солун. Тој во минатото, односно до 1923 година бил познат како Водена или Воден. Преку железничката пруга, Воден е поврзан со Лерин и Битола кон запад, а на југоисток со Солун. Главен белег на Воден е водопадот Керано или некои како што знаат да кажат Керанос. Тоа е водопад каде што водата паѓа од околу 70 метри висина. Подрачјето околу водопадот во минатото не било добро организирано и средено, но благодарение на Воденската општина денес околу овој водопад има уреден парк кој нуди бројни погодности за сите гости. 

Опис на патувањето:
Прв ден 09.03.2024
  • Поаѓање во 05:00 паркинг наспроти скопски саем кај хотел Вип. Собирање на група 04:45. Патувањето води кон граничен премин Богородица. Пауза за царински формалности и одмор. Предвидено време за пристигнување во Лутраки до 10 часот. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности како и можност за користење на бањите. Враќање во хотел. Во попладневните часови посета на Орма. Враќање во хотел. ( Доколку постои заинтересираност може да организираме Осмомартовска вечера факултативно).  Ноќевање.
Втор ден 10.03.2024
  • Појадок. По појадокот групата го напушта хотелот. Слободно време за користење на бањите. Околу 14:00 заминување од Лутраки кон Воден. Групна посета на водопадите..Слободно време за прошетка и разглед на Воден.Поаѓање за Скопје во 17:00 часот.



Цена на аранжманот 4000 ден. 

Цената вклучува:
  • едно  ноќевање со појадок 
  • превоз до наведените места
  • придружник од агенцијата

Во цената не е вклучено:
  • Влез од 3 евра за користење на бањите во Лутраки (кој се плаќа на лице место)
  • Патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци
 
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 3 дена пред датумот на започнување на истиот.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот. 
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример, задржување на граница, гужва во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
  • За неисправна патна исправа, задоцнување, загубен багаж и откажување на патувањето или промена, агенцијата не одговара и не надокнадува материјална одштета.