Мелник и Сандански

11.02.2024

Мелник е мало градче кое е познато по многу различни природни убавини и убавини кои ги создаваат локалните жители и по кои ова мало место е толку познато. Кога ќе пристигнете во Мелник неминовна е посетата на Кардопуовата куќа – музеј, која има огромна винарска визба. Во визвите во Мелник има бочви со вино кои стојат таму и се стари и по 200 години. Мелник е уште познат и по најстарата куќа во Бугарија, Бојарска куќа. Пирамидите во Мелник се рангирани како највпечатливи природни феномени во Бугарија.

Свети Врач или Сандански,е град во Пиринска Македонија, во денешната Благоевградска област кој е сместен во југозападниот дел на Бугарија. Се наоѓа во долината на реката Струма од нејзината лев страна и е сместен во подножјето на Пирин планина, од нејзината западна страна.Лековитите својства на топлите минерални води и благата поволна клима, местото каде денес се наоѓа градот Свети Врач го направиле удобен за живеење на луѓето уште од античкиот период. Првите човечки населби на местото на денешниот град Свети Врач датираат од 2 милениум п.н.е. Населбата била основана околу минералните извори за време на бронзеното време на крајот на XIII и почетокот на XII век пред нашата ера.

Опис на патувањето:
  • Тргнување од паркинг кај Вип хотел, наспроти Скопски Саем, во 05:00 часот (собирање на група 04:45 ч.)
  •  Патување преку граничен премин Ново Село- Струмица со попатни паузи за царински формалности и одмор.
  •  Предвидено време за пристигнување во Мелник околу 10:00 ч. Факултативна посета на Кордополовата куќа. Слободно време за индивидуална прошетка и разглед на Мелник.
  • Во попладневните часови групата се упатува кон Сандански. 
  • Слободно време за индивидуална прошетка и разглед на Сандански до 17:00 ч.
  • Поаѓање за Скопје во 17:00 ч.

Понудата вклучува:
  • Организација и водство на патувањето. 
  • Превоз на дадената релација.
  • Посета на најмалиот град Мелник
  • Посета на Сандански

Понудата не вклучува:
  • Индивидуални трошоци
  • Влезници за културно историски споменици. 
  • Влезница за Кордополовата куќа 3,5 лева. 
Цена: 1200 ден. од лицe
 
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета. 
  • Организаторот на патувањето го задржува правото да задржи 90% од вкупната уплатена сума доколку патникот го откаже патувањето до 2 дена пред поаѓање.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
  • Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
  • Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е  должен да ги чека истите.
  • Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.