Ниш во соседна Србија претставува вистинска ризница на историски артефакти. Тој е еден од најстарите градови на Балканот. Родниот град на римскиот император Константин е одалечен од Скопје нешто повеќе од 200 км. Овој град датира уште од предисториско време а во себе зачувал многу од историјата.Градот го добил името од реката Ниш, која тече низ него и која келтските пражители ја нарекуваат Наисус.

Опис на патувањето:
Тргнување во 05:00 часот ( состанок на групата на паркинг наспорти скопски саем кај Хотел вип во 04:45). Се патува преку граничен премин Табановце, со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.Предвидено време за пристигнување во Ниш околу 09:00 часот.4 часа за индивидуална посета на Нишката тврдина и разглед на Ниш. Во 13  часот поаѓање за Ќеле кула. Посета и разглед на кулата. Во 14:00 часот поаѓање за Нишка бања.. Посета и разглед на бањата. Предвидено време за тргнување за Македонија од Нишка бања е во 16:00 часот.
 
Понудата вклучува
  • Превоз на наведената релација
  • Посета на Ниш
  • Посета на Ќеле кула
  • Посета на Нишка бања
  • Организација и водство на патувањето
 
Цена:800 денари

Во цената не е вклучено патничко осигурување.