Ниш и шопинг центар Stop shop

Ниш во соседна Србија претставува вистинска ризница на историски артефакти. Тој е еден од најстарите градови на Балканот. Родниот град на римскиот император Константин е одалечен од Скопје нешто повеќе од 200 км. Овој град датира уште од предисториско време а во себе зачувал многу од историјата.Градот го добил името од реката Ниш, која тече низ него и која келтските пражители ја нарекуваат Наисус.

Опис на патувањето:
  • Тргнување во 06:00 часот состанок на групата на паркинг наспорти скопски саем кај Хотел вип во 05:45). Се патува преку граничен премин Табановце, со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.Предвидено време за пристигнување во Ниш околу 09:00-10;00 часот.
  • Слободно време за прошетка и разглед на Ниш и Нишката тврдина. Во договор со групата oдиме во посета на трговски центар Stop Shop на излез од Ниш.
  • Тргнување за Скопје во 17:00 часот.
 
Понудата вклучува
  • Превоз на наведената релација
  • Посета на Ниш
  • Посета на шопинг центар Stop Shop
  • Организација и водство на патувањето

Понудата не вклучува:
  • Индивидуални трошоци 
  • Влезници за културно историски споменици
 
Цена: 600 денари

 
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 3 дена пред датумот на започнување на истиот.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот. 
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример, задржување на граница, гужва во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
  • За неисправна патна исправа, задоцнување, загубен багаж и откажување на патувањето или промена, агенцијата не одговара и не надокнадува материјална одштета.