Нови Сад и Петроварадинска тврдина 06.04.2024

Нови Сад е вториот по големина град во Србија по Белград. Според најновиот попис од 2011 година, градот има урбано население од 277.522 жители, додека населението на општината е 341.625. Градот се наоѓа на границата помеѓу регионите Бачка и Срем, на брегот на реката Дунав и каналот Дунав-Тиса-Дунав, притоа гледајќи на северните падини на планината Фрушка гора. Уште од формирањето во 1694, Нови Сад е центар на српската култура и го добил името Српска Атина. Денес Нови Сад е голем индустриски и финансиски центар на српската економија, а исто така е еден од најголемите градежни локации во регионот. 

Петроварадинската тврдина е тврдина која се наоѓа во градот Нови СадСрбија, во населбата Петроварадин на десниот тек од реката Дунав. Денешната тврдина била изградена од страна на Австрија која владеела од 1692 до 1780 година, на местото на поранешна тврдина која била изградена во антчко време. Австријците оваа тврдина ја изградиле поради блискоста на границата со Османлиската империја. Оваа место се нарекува и Гибралтар на Дунав
 

Опис на патувањето:

  • Тргнување од паркинг кај Вип Хотел, наспроти Скопски Саем, во 01:00 часот. Собирање на група во 00:45. Ноќно возење со попатни паузи за царински формалности и одмор.
  • Предвидено време за пристигнување во Нови Сад до 08:00 часот.
  • Посета на Петроварадинска тврдина и центарот на Нови Сад со локален туристички водич.
  • Слободно време за индивидуални активности и прошетка низ центарот на Нови Сад.
  • Тргнување кон Скопје во 17:00 часот
Понудата вклучува:
  • Организација и водство на патувањето.
  • Превоз на наведената релација
  • Разглед на Петроварадинска тврдина и центарот на Нови Сад со локален туристички водич

Понудата не вклучува:
  • Индивидуални трошоци 
  • Влезници за културно историски споменици

Цена: 1800 денари
 
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 3 дена пред датумот на започнување на истиот.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот. 
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример, задржување на граница, гужва во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
  • За неисправна патна исправа, задоцнување, загубен багаж и откажување на патувањето или промена, агенцијата не одговара и не надокнадува материјална одштета.