social imagesocial image

20.06.2021

Охрид не е само град кој ќе ве асоцира на плажа и одмор, истиот е град кој во себе содржи богата историја, а самото Охридско езеро во себе ја содржи легендата за своето настанување.
 
Опис на патувањето:
  • Тргнување во 06:00 часот. Состанок на групата на паркинг наспорти скопски саем кај Хотел вип во 05:45). 
  • Пристигнување во Охрид. Во 11 часот од пристаниште се поаѓа кон Св. Наум. Се патува долж источната обала. Се посетува Музејот на вода (заливот на коските ) со пауза од 20 минути. Во Св.Наум се пристигнува во 12:45 каде што ќе имате слободно време за посета на манастирот, црквите и изворите на Охридското езеро.
  • Слободно време за индивидуален ручек. 
  • Тргнување од Св.Наум за Охрид е во 17:00 часот.
  • Слободно време за прошетка и разглед на Охрид
  • Во договор со групата тргнување за Скопје.
 
Понудата вклучува
  • Превоз на наведената релација.
  • Бродска карта Охрид-Св.наум-Охрид
  • Организација и водство на патувањето

Понудата не вклучува:
  • Индивидуални трошоци 
  • Влезници за културно историски споменици
 
Цена: 1000 денари