Охрид, Св.Наум,Тушемиште

Запознајте го Охридското Езеро и од другата страна!


Манастирот „Св. Наум“ е изграден на висока карпа, над самото Охридско Езеро, на неговата најјужна точка, во една месност со ретка природна убавина. Подигнувањето на овој манастир е поврзано со името на Наум, Климентовиот соработник. Св. Наум, пред крајот на својот живот, го основал манастирот Св. Архангел и во 910 година бил погребан во него. Околу манастирот има повеќе други црквички, како: Света Петка, Свети Атанасиј, Агијазмо.

Тушемиште, првото село крај Охридското езеро од албанска страна, се наоѓа на околу 500 метри од македонско-албанската граница и е речиси споено со Поградец. Местото е особено познато по рибните специјалитети, во кои ќе можете да уживате и вие при нашата пауза токму таму.

 
 

Опис на патувањето:
  • Тргнување во 06:00 часот (собирање на група во 05:45 од паркинг наспорти скопски саем, кај Хотел Вип)
  • Пристигнување во Охрид околу 9 часот. Слободно време за индивидуална прошетка и разглед.
  • Во договор со групата се упатуваме кон Св. Наум. Посета на манастирот.
  • Во договорено време групата се упатува кон првото место од Албанска страна. Тушемиште. Слободно време за факултативен ручек во некој од рестораните покрај изворите на Дрилон.
  • Поаѓање за Скопје во 17:00 часот.

Понудата вклучува:
  • Превоз на дадената релација.
  • Организација и водство на патувањето.
  • Посета на Охрид
  • Посета на Св. Наум
  • Посета на Тушемиште.

Понудата не вклучува:
  • Индивидуални трошоци
  • Влезници за културно историски споменици

Цена:700 денари

ОПШТИ НАПОМЕНИ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 3 дена пред датумот на започнување на истиот.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот. 
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример, задржување на граница, гужва во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
  • За неисправна патна исправа, задоцнување, загубен багаж и откажување на патувањето или промена, агенцијата не одговара и не надокнадува материјална одштета.