ПАРГА –градче кое се наоѓа во приморскиот дел на Епир, на Јонско море, 60 километри од Јанина и 540 километри одалечено од Скопје. Денес Парга е најпознатото летувалиште во таа област. Интересно за Парга е дека влече корени од античко време, а големи влијанија имаат и западната цивилизација и култура. Жителите се пријатни, во нивниот дух ќе го осетите големото вилајнието на венецијанска култура, британската прецизност и турската гостопримливост. Денес Парга е комплетно летувалиште каде секој ќе пронајде по нешто за себе: две градски плажи, долгото шеталиште покрај море, плажата Валтос- одалечена околу 20 мин. пешачење, плажата Лихнос, старата градска тврдина која датира од 14 век, голем избор на еднодневни излети до островите Крф, Паксос, Антипаксос, Лефкада...

 

ВИЛА ЈОТА се наоѓа на самиот влез во Парга, на 250метри од градската плажа и 300метри од центарот. Вилата има сопствен паркинг, располага со двокреветни и трокреветистудија и четворокреветни апартмани. Секое студио/апартман има балкон, комплет опремена кујна, ТВ, клима (се доплаќа 5евра на ден) и Wi-Fi.

 

ВИЛА ЛЕМОНИ се наоѓа во центарот на Парга над црквата, располага со двокревети и трокреветни студија на први и втори кат. Секое студио има балкон, комплет опремена кујна, фрижидер, ТВ, купатило, клима (се доплаќа 5 евра на ден) и Wi-Fi.

 

ВИЛА ОЛГА се наоѓа на 70м од малата градска плажа и на само неколку минути од центарот. Студија се двокреветни (брачен кревет), балкон, комплет опремена кујна, фрижидер, ТВ и клима (се доплаќа 5евра на ден) и Wi-Fi.

 

ВИЛА ЕЛПИДА се наоѓа во центарот на Парга (стариот дел) на 300 метри од градската плажа и од пристаништето. На 500 од Валтос плажата. Комплексот располага со двокревети студија на приземје. Студиjата се опремени со мини кујна, фрижидер, ТВ, купатило, балкон, сеф, клима (се доплаќа 5 евра на ден) и Wi-Fi.

ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА СТУДИО / АПАРТМАН

Термин

Ноќи

ЈОТА

ЛЕМОНИ

ОЛГА

ЕЛПИДА

1/3СТД

1/4АПП

1/2СТД

1/3СТД

1/2СТД

1/2СТД

05.06

7

170 €

240 €

160 €

170 €

170 €

160 €

12.06

7

260 €

330 €

230 €

260 €

250 €

230 €

19.06

7

300 €

380 €

280 €

300 €

300 €

280 €

26.06

7

360 €

440 €

340 €

360 €

360 €

340 €

03.07

9

490 €

540 €

460 €

490 €

490 €

460 €

12.07

9

540 €

600 €

490 €

540 €

520 €

490 €

21.07

9

570 €

660 €

530 €

570 €

550 €

530 €

30.07

9

570 €

660 €

530 €

570 €

550 €

530 €

08.08

9

570 €

660 €

530 €

570 €

550 €

530 €

17.08

9

570 €

660 €

530 €

570 €

550 €

530 €

26.08

9

490 €

540 €

460 €

490 €

490 €

460 €

04.09

7

360 €

440 €

340 €

360 €

360 €

340 €

11.09

7

260 €

330 €

230 €

260 €

250 €

230 €

18.09

7

170 €

240 €

160 €

170 €

170 €

160 €

 

НАПОМЕНИ:

ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 и 9 ноќевања.

Доплата за туристичка такса 0,50 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во објектот.

Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).

Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.

За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.

Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.

Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.

Превземање на собите е по 14 часот - локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.

По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Во услови на Ковид 19, превозот ќе се организира и реализира согласно актуелните мерки и протоколи за вршење на внатрешен и меѓународен превоз. За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно. При влез во автобус задолжително е мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај. За време на патувањето во автобус задолжително е носење заштитна маска со која се покрива устата и носот. Патниците за време на патувањето се должни да ги почитуваат во целост актуелните мерки за претпазливост и безбедност како и инструкциите од пратителот на патувањето.

Протокол за влез во Грција / Македонија:

Негативен PCR или негативен Брз антиген тест, или потврда за вакцинација од Covid-19 (14 дена по примена втора доза од вакцината) или сертификат за прележан Covid-19 (можно е патување по 1 месец од потврдената инфекција, но, максимум до 6 месеци од датумот на тестирање. Патниците кои патуваат со свое возило треба да го пополнат онлајн дигиталниот формулар за локализација на патниците https://travel.gov.gr/#/

Цена за превоз:

Превоз за возрасен 55€ / Еден правец 40€

Деца до 12 години 45€ / Еден правец 30€

Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

Место и време на поаѓање:
Скопје 00.30 ч. Холидеј Ин
Велес 01.00 ч. бензинска пумпа Мак Оил (Мотел Македонија)
Неготино 01.30 ч. бензинска пумпа Макпетрол
Смоквица 01.45 ч. бензинска пумпа BWO петрол
Гевгелија 02.00 ч. бензинска пумпа Шимов или граничен премин

Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.