Паралија е сместена во прегратките на планината на 12-те богови-Олимп. Паралија е идеално место за сите оние кои што сакаат да уживаат
во пријатната медитеранска клима и убавата и долга плажа. Долж шеталиштето во Паралија ќе имате можност да уживате во локалните продавници, но исто така ќе имате можност да уживате во бројните таверни, барови, ресторани и ноќни клубови кои што само ја дополнуваат туристичката понуда на ова место.
Програма:
- Тргнување на 29.04 (сабота) од паркингот наспроти скопски саем кај хотел вип во 07:00 часот (собирање на група 06:45)
- Предвидено време за пристигнување во Паралија во 11:00 часот.
- Сместувањето во апартманите е после 14:00 часот.
- Тргнување кон Скопје на 01.05 во 16:00 часот.
Програмата вклучува:
- две ноќевања во Паралија
- превоз на наведената релација
- организација и водтсво на патувањето.
Цена: 3950 денари