social imagesocial imagesocial image

03.03-06.03

Прв ден: 03.03.2022 (Четврток) Скопје-Сараево

  •  Поаѓање во вечерните часови од Скопје.Ноќно возење  преку граничен премин Табановце, со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 Втор ден: 04.03.2022 (Петок) Сараево

  •  Пристигнување во Сараево во утринските часови. Разглед на градот со локален водич: Врело Босна, Сарај, градската куќа, Латинска чуприја – местото на атентатот на Франц Фердинант, улицата Казанџилук со многубројните занаетчиски дуќани од периодот на Отоманското царство, одиме по пешачката зона каде е катердалата Срце Христово, соборната црква Св. Тројца, Гази Хусрефбегова и Царската џамија, Башчаршија, мостовите.Смесување во хотел. Ноќевање

 Трет ден: 05.03.2022 (Сабота) Сараево – Мостар – Сараево.

  •  Појадок. По појадокот предвидена факултативна посета на Мостар. Посета на Бункерот - атомското скривалиште на Тито во Коњиц, а потoа се продолжува кон Јабланица со попатна посета на срушениот мост од Втората Светска Војна познат како битката на Неретва. Продолжуваме кон Мостар, градот каде се сретнува северот со југот и западот со истокот, град во кој реката Неретва со векови ги дели културите и религиите, град во кој различностите и спротивностите можат да се видат и почувствуваат на секој агол. Посета на: Стариот мост, улицата Кујунџилук со занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн. Во попладневните часови враќање кон Сараево. Ноќевање

 Четврти ден: 06.03.2022 (Недела) Сараево – Вишеград - Дрвенград – Скопје

  •  Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Посета на Вишеград со посета на симболот на градот, мостот изграден од Мехмед Паша Соколовиќ кој е под заштитана UNESCO и опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“. Слободно време за индивидуални активности. Заминуваме кон Мокра Гора и посета на Дрвенград, изграден по идеја на Емир Кустурица. Посета на единсвената музејска железница Шарганската Осмица. Слободно време. Враќање кон Македонија со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
  • Aвтобуски превоз на дадената релација;
  • Сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевања со појадок во Сараево;
  • Разгледување на Сараево со локален водич;
  • Разглед на Андрич град, Дрвен град;
  • Посета на железницата Шарганска осмица;
  • Придружник на групата.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
  • Здравствено патничко осигурување (задолжително) – 200 денари;
  • Посета на Термална ривиера Хотел Хилс 5* со везница и превоз –10евра(620.ден) (миниум 10 патници)
  • Полудневен излет до Мостар и разглед + посета на Бункерот на Тито – 30 евра (минум 35 патници)
  • Свечена Вечера во хотел Холивуд 5* - 20 евра (миниум 10 патници)
  • Разглед и посета на Дрвенград (влез 1-3е се плаќа при влез);
  • Туристичка такса 2 евра - се плаќа во автобус;
  • Доплата за 1/1 соба е 2.200 ден.

ЦЕНА: 5800 денари.

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета. 
  • Организаторот на патувањето го задржува правото да задржи 90% од вкупната уплатена сума доколку патникот го откаже патувањето до 2 дена пред поаѓање.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
  • Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
  • Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е  должен да ги чека истите.
  • Со потпишување Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови