Шарена џамија, Лешочки манастир

Најпрепознатиливиот белег на Тетово, но и една од најубавите градби во Македонија претставува- Шарената џамија. Лоцирана е во стариот дел од Тетово, на десната страна на реката Пена. Според некои истражувачи датира од 1495 година, а според други подигната е во 1564 година. Натисот над влезната врата открива дека нејзината сегашна форма потекнува од првата половина на 19 век, кога била обликувана врз темелите на друг постар објект. Позната е и како Пашина џамија, по Абдурахман паша кој бил турски феудален господар во Тетовскиот пашалак и кој вложил средства за надградбата и за проширување на истата.

Лешочки манастир претставува православен манастирски комплекс, кој претставува најголем духовен центар во Тетовски. Манастирот е сместен во природен амбиент во близина на селото Лешок на надморска височина од 610 метри. Во комплексот се наоѓаат црквите Св. Атанасиј и Св. Богородица, како и гробот и спомен собата на Кирил Пејчиновиќ кој е еден од најпознатите македонски преродбеници од 19 век. Во манастирските конаци им а параклис посветен на светите Кирил и Методиј, додека надвор од манастирскиот комплекс има стара црква посветена на Атанасиј Александриски. Манастирот за прв пат е основан во 1321 година од страна на епископотполошки Антониј. 

Опис на патувањето:

  • Тргнување во 08:00 ч. од паркингот кај Хотел Вип (спроти скопски саем). Собирање на група 07:45.
  • Групата оди во посета на  Шарена џамија -Тетово. Слободно време за прошетка и разглед на џамијата. По посетата на Шарената џамија групата се упатува кон посета на Лешочкиот манастир. Слободно време за прошетка и разглед на манастирот. 
  • Организиран ручек во цело Беловиште
  • Предвидено време за тргнување за Скопје во 17:00 часот.


Понудата вклучува:
  • Превоз на наведената релација
  • Посета на Шарената џамија
  • Посета на Лешочки манастир
  • Организација и водство на патувањето

Понудата не вклучува:
  • Доплата за ручек
  • Индивидуални трошоци

Цена: 300 денари
 
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 3 дена пред датумот на започнување на истиот.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот. 
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример, задржување на граница, гужва во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
  • За неисправна патна исправа, задоцнување, загубен багаж и откажување на патувањето или промена, агенцијата не одговара и не надокнадува материјална одштета.