Брајчино - оддалечено е само 15 минути од Преспанско Езеро, а сместено е во подножјето на планината Баба, во непосредна близина на националниот парк Пелистер. Богато е со извори пенлива вода, висока и зелена шума, планински врвови што пленат со својата убавина, со еколошки јаболка никнати на надморска височина од над 1.000 метри и јагодите што зреат доцна налето - ова е дел од „портфолиото“ на Брајчино, единственото македонско село, кое од 2009 год. се наоѓа на светската туристичка мапа со подзнак - еколошки туризам.

Во Курбиново ќе се посети еден од најрепрезентативните споменици на културата на Балканот, со сочуван живопис од крајот на дванаесеттиот век, антологиско дело со неповторливи иконографски и зографски достигнувања - црквата Св.Ѓорѓи изградена 1191 г.

Во Љубојно ќе ве пречека автентичниот тип на градба на ова село, со збиени околу 350 куќи, градени наблиску или меѓусебно поврзани и правилно распоредени. Основен белег на селото му даваат куќите градени меѓу двете светски војни, со печалбарски пари. Нив посебно ги краси фино делканиот камен, разнобојните фасади и вкусно гелендираните балкони. Се обновуваат старите, но се градат и нови современи куќи. Селото Љубојно носи карактеристики на мала градска населба.

Опис на патувањето:
  • Тргнување во 07:30 (собирање на група во 07:15 од паркинг наспорти скопски саем кај хотел вип)
  • Посета на трите горенаведени села
  • Посета на црквата Св.Ѓорѓи во с.Курбиново
  • Слободно време за индивидуални прошетки и запознавање на местата
  • Тргнување за Скопје во 17:00 часот
  •  
Програмата вклучува:
  • Превоз на дадената релација
  • Организација и водство на патувањето
Цена:600 денари