21.11.2021

Опис на програмата:
  • Поаѓање во 04:00 часот (собирање на група во 03:45 од паркинг наспори Скопски саем кај Вип хотел). Се патува преку граничен премин Деве Баир, со попатни паузи за одмор и царински формалности.
  • Предвидено време за пристигнување во Paradise shopping centar до 09:00 часот.
  • Во 12:30 часот групата се упатува кон шопинг центрите Икеа, Декатлон и Ринг Мол.
  • Поаѓање за Македонија во 17:00 часот.

Напомена: Патниците кои сакаат да го посетат само шопинг центар Paradise  ги оставаме од моментот на пристигнување до 17:00 часот.

Цена: 1000 денари.
 
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета. 
  • Организаторот на патувањето го задржува правото да задржи 90% од вкупната уплатена сума доколку патникот го откаже патувањето до 2 дена пред поаѓање.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
  • Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
  • Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е  должен да ги чека истите.
  • Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.