30.01.2021

Приштина е главен и најголем град во Косово. Градот е културен, административен и политички центар на земјата, но исто така и центар на истоимениот дистрикт. Градот има 145.149 жители, а општината Приштина има 198.897 жители. риштина се наоѓа во северниот дел на Косовската Котлина, под планината Грмије. Градот има добра географска положба, бидејќи лежи на раскрсница меѓу важни патишта кои водат до Скопје, Призрен, Албанија и Црна Гора. Уште oд 1873  година е создадена железничка пруга низ косовската котлина од Митровица до Урошевац.

Опис на програмата:
  • Поаѓање вo 08:00 часот од карши скопски саем кај хотел Вип. Собирање на група во 07:30
  • Предвидено време за пристигнување во Приштина до 10 часот. 
  • Слободно време за прошетка и разглед низ центарот на Приштина каде ќе имате можност да ги посетите Музејот на Косово, Катедралата на Мајка Тереза. 
  • Во договор со групата се упатуваме кон посета на Шопинг центар Алби малл. Слободно време за шопинг.
  • Во договор со групата се упатуваме кон Outlet centar во Урошевац ( Феризај )
  • Поаѓање за Скопје во вечерните часови.


Цена: 500 денари.
  • ​Патувањето се одвива со намален капацитет на автобусот за 50%

ОПШТИ НАПОМЕНИ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 3 дена пред датумот на започнување на истиот.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот. 
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример, задржување на граница, гужва во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
  • За неисправна патна исправа, задоцнување, загубен багаж и откажување на патувањето или промена, агенцијата не одговара и не надокнадува материјална одштета.