Секоја сабота и недела

 За оние кои сакаат скијање на различен начин, ски центарот нуди единствена можност да се обидете со крос- кантри, алпско, како и интересни тури за турно скијање. Можете да ги испробате своите вештини на неколку патеки. Најпозната е секако "Мирна долина", долга 7.5km. Целосната должина на патеката е 30km. Почетоците на ски центарот датираат од 1964 година кога се изградени првите стази под едносед и двосед жичарите. Основан од Заре Лазаревски чие име денес го носи ски центарот. Сместен на падините на Бистра на 1240 метри надморска височина на бреговите на Мавровското езеро и дел од Националниот парк Маврово.Центарот е еден од најживописните и најпривлечните ски центри во Македонија распослан на планинатан Бистра. Истиот располага со бројни уредени патеки за пешачење и планински велосипедизам.

Опис на патувањето:
Поаѓање за Маврово во 07:30 од. Пристигнување во Маврово до 09:00 часот. Слободно време за индивидуални активности. Во попладневните часови поаѓање за Скопје. 

Патувањето вклучува:
  • Превоз на релација Скопје-Мавров-Скопје
  • Организација и водство на патувањето

Цена: 300 денари.