Св.Јован Бигорски, Рајчица, Вевчани, Калишта

Бигорски манастир или  Св. Јован Крстител е манастир кој се наоѓа на патот помеѓу Гостивар и Дебар во непосредна близина на селата Ростуше, Битуше, Велебрдо и Требиште, по течението на реката Радика во Западна Македонија. Манастирот е основан од страна на монахот Јован во 1020 година а во XVI век манастирот бил разрушен од страна на отоманската власт а од целиот комплекс останала само мала црква. Името на манастирот доаѓа од фактот што објектот бил изграден од бигор. Овој манастир го сочинуваат манастирската црква која е посветена на Јован Крстител, костурницата сместена до самата црква комплексот манастирски конаци како и новоизградените гостински конаци. 
 
Раички манастир или понекогаш Рајчички манастир — манастир во селото Рајчица, во непосредна близина на градот Дебар, односно во неговото предградие на само 2 км од центарот. Тој претставува женски манастир и е метох на познатиот и најбогатиот македонски Бигорски манастир. Овој манастир се претпоставува дека е основан во почетокот на XIV век, како метох на Бигорскиот манастир Свети Јован во Дебарското поле. 

Вевчани е лоцирано на 14 км оддалеченост северозападно од Струга и Охридското езеро, на надморска височина од 800 метри. Архитектурата во селото е особено привлечна со многуте стари куќи и градби со различни стилови и форми. Со амбиентот на комбинација на дрво и камен, старите традиционални артефакти и старите огниште ќе го почувстувувате вистинското традиционално добредојде на Македонија.Звукот на водата може да се слуишне, течејќи низ каналите преку селото. Водата доаѓа од познатите Вевчански извори, чиј тек се движи од 400 до 4000 литри во секунда. Вевчанските извори се едни од најпознатите што постојат во Македонија. Тие се наоѓаат на 936 метри надморска височина. Заштитени се како споменик на природата и се најпознато и најпосетено излетничко место.

 
Манастирски комплекс во Калишта го сочинуваат четири светилишта, две пештерски цркви посветени на Богородица и Атанасиј Велики и уште две цркви едната посветена на мајката Божја другата на светите апостоли Петар и Павле.За чудата на манастирот се слуша надалеку. Овде е една од највредните икони во земјава, единствена на Балканот Чудотворната икона – Богородица во црно, пронајдена во малата пештерска црква. Се верува дека мајката божја исцелува од сите неизлечиви болести но и ги дарува оние кои не можат да имаат деца
 
Опис на патувањето:
  • Тргнување од паркинг кај Вип Хотел, наспроти Скопски Саем, во 07:30 часот (собирање на група 07:15 ч.)
  • Предвидено време за пристигнување во Св. Јован Бигорски  до 10 часот.Слободно време за посета и раглед на манастирот.
  • Посета и разглед на манастирот Рајчица
  • Посета на Вевчанските извори и слободно време за факултативен ручек.
  • Посета на манастирот во Калишта
  • Во 18:00 часот тргнување кон Скопје
 
Понудата вклучува:
  • Посета на Св. Јован Бигорски
  • Посета на манастирот Рајчица 
  • Прошетка и разглед на Вевчанските извори
  • Посета на Калишта
  • Превоз на наведените локации
  • Организација и водство на патувањето

Понудата не вклучува:
  • Индивидуални трошоци.
  • Влезници за културно историски споменици 

Цена: 600 денари од лице
 
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 3 дена пред датумот на започнување на истиот.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот. 
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример, задржување на граница, гужва во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
  • За неисправна патна исправа, задоцнување, загубен багаж и откажување на патувањето или промена, агенцијата не одговара и не надокнадува материјална одштета.