Бигорски манастир или Св. Јован Крстител е манастир кој се наоѓа на патот помеѓу Гостивар и Дебар во непосредна близина на селата Ростуше, Битуше, Велебрдо и Требиште, по течението на реката Радика во Западна Македонија. Манастирот е основан од страна на монахот Јован во 1020 година а во XVI век манастирот бил разрушен од страна на отоманската власт а од целиот комплекс останала само мала црква. Името на манастирот доаѓа од фактот што објектот бил изграден од бигор. Овој манастир го сочинуваат манастирската црква која е посветена на Јован Крстител, костурницата сместена до самата црква комплексот манастирски конаци како и новоизградените гостински конаци.
Раички манастир или понекогаш Рајчички манастир — манастир во селото Рајчица, во непосредна близина на градот Дебар, односно во неговото предградие на само 2 км од центарот. Тој претставува женски манастир и е метох на познатиот и најбогатиот македонски Бигорски манастир. Овој манастир се претпоставува дека е основан во почетокот на XIV век, како метох на Бигорскиот манастир Свети Јован во Дебарското поле.
Недалеку од Струга, јужно од селото Калишта се наоѓа прекрасниот манастирски комплекс Калишта – Пресвета Богородица.Манастирот лежи на самото Охридско крајбрежје, кај хотелот Бисер, во прекрасен и природен карпест амбиент.Централно место во комплексот има малата пештерска црква. Изградена е некаде во 14 век и претставува основа на целиот манастирски комплекс.Оваа мала црквичка направена во карпа се состои од три монашки ќелии, две на долниот и една на горниот кат. Во секоја од ќелиите се влегува низ сосема мала и тесна врата, а и самите ќелии се мали простории полни со историја и духовност.
Опис на патувањето:
• Тргнување од паркинг кај Вип Хотел, наспроти Скопски Саем, во 07:30 часот (собирање на група 07:15 ч.)
• Предвидено време за пристигнување во Св. Јован Бигорски до 10 часот
• Посета и разглед на манастирот Рајчица
• Слободно време за разглед и прошетка на Вевчански извори
• Посета и разглед на Манастирот Пресвета Богородица-Калишта
• Во 18:00 часот тргнување кон Скопје
Понудата вклучува:
• Посета на Св. Јован Бигорски
• Посета на Рајчица манастирот
• Прошетка и разглед на Вевчанските извори
• Посета на манастирот Пресвета Богородица-Калишта
• Превоз на наведените локации
• Организација и водство на патувањето
Цена: 590 денари од лице