На околу 169 километри од нашиот главен град Скопје, или на 34 километри северозападно од Прилеп, на 1000 метри надморска височина во подножјето на планинскиот масив Даутица, се наоѓа средновековниот манастир Свето Преображение – Зрзе. Патот од Прилеп до Зрзе, води преку селото Ропотово, селото Песталево, селото Секирци, потоа преку соседното поголемо село Костинци.
Могилата на непобедените — меморијален комплекс во Спомен паркот на Револуцијата во Прилеп. Комплексот бил изграден во 1961година во чест на загинатите борци од НОВ. Меморијалниот комлекс е составен од два дела: заедничка гробница-крипта и спомен урни. Во едниот дел се подигнати мермерни урни, слични на античките. Најголемата урна со симбол на вечен пламен ја претставува непокорноста на македонскиот народ. Во вториот дел се наоѓа криптата - заедничката гробница, каде во мермерните плочи се вклесани имињата на паднатите борци, кои го положиле животот за ослободување на Македонија. Во периодот 2007-2008 комплексот бил целосно ревитализиран.
Маркови кули или древниот чувар на Прилеп. Тврдината Маркови Кули го претставува некогашниот средновековен град на легендарниот владетел Крале Марко. Големата тврдина се издигнува над Прилеп, еден од најстарите градови во нашата земја, кој бил и главен град на средновековното кралство на кралевите Волкашин и Марко и место каде може да се почувствува духот на средновековната ера. Од сите планински масиви, само прилепскиот комплекс претставува посебен раритет како природно-научна вредност. Поради тоа овој масив е единствен локалитет на Балкански Полуостров и пошироко во Европа, а веројатно и во светот.

Опис на патувањето:
Тргнување во 07:30 (собирање на група во 07:15 од паркинг наспорти скопски саем кај хотел вип)
Посета на манастирот св.Преображение - Зрзе
Посета на Могила и Маркови Кули
Време за индивидуална прошетка низ Прилеп
Тргнување за Скопје во 17:00 часот 

Програмата вклучува:
Превоз на дадената релација
Организација и водство на патувањето

Цена:490 денари