Беровскиот женски манастир Св.Арханхел Михаил — манастир кој се наоѓа во Берово. Најпознат е по тоа што тој е единствениот манастир во Македонија во кој се прават мозаици. Темелите на првиот женски манастир во Берово се подигнати дваесет години по изградбата на манастирската црква (околу 1840 г.).
Месноста Бела Вода, скриена е зад околните ритчиња од Малешевијата и е богата со реки и чист воздух. Поминувајќи покрај популарната викенд-населба Суви Лаки, по само 5 километри возење од Берово, се открива овој центар кој е уште една од многуте убави македонски дестинации. Преубаво место за одмор и релаксација, а како што кажуваат и посетителите, ова е „рај на земјата“. 
Машкиот манастир посветен на Успение на Пресвета Богородица се наоѓа на патот Берово-Беровско езеро во грлото на бреалничко-албанечката клисура. Започнат со изградба во 1972, а бил завршен во 1975 година. Главната црква изградена е во стилот на византиско-македонските цркви од средниот век. Манастирот е маѓки, а типикот на манастирот е исихаистички. На 28 ми август православниот христијански народ го прославува празникот Успение на Пресвета Богородица. По тој повод на тој ден секоја година Берово е домаќин на црковно народниот собир што се организира во манастирот.  

Опис на програмата:
Тргнување во 07:30 (собирање на група во 07:15 од паркинг наспорти скопски саем кај хотел вип)
Посета на Беровскиот женски манастир и машкиот манастир Успение на Пресвета Богородица.
Посета на комплексот Бела Вода, можност за прошетка и факултативен ручек
Тргнување за Скопје во 17:00 часот

Програмата вклучува:
Превоз на дадената релација
Организација и водство на патувањето
 
Цена:600 денари