03.10.2021

Крушево град во западниот дел на Република Македонија. Тој е градот на некогашната Крушевска Република. Над градот се наоѓа познатиот споменик Македониум. Во опширниот пописен дефтер Н0 4 од 1467/68 година, објавен од Архивот на Македонија, се наоѓа најстариот помен за Крушево, кога нему, како мезра, му било дадено на спахијата Хусеин-бег, заедно со Прилеп и со други 31 село. Сепак, градот ја добил неговата денешна форма со доаѓањето на Власите од Москополе и Мијаците од околината, во текот на XVIII век. Заедно со Власите во Крушево дошле и поголем број православни Албанци, кои во текот на историјата се повлашиле.

 
Опис на патувањето:
  • Поаѓање во 07:30 (07:15 собирање на група на паркинг наспорти скопски саем кај хотел Вип )
  • Предвидено време за пристигнување во Крушево околу 09-10 часот. 
  • Посета на манастирот Св.Преображение. Задржување 1 час. 
  • По посетата групата се упатува кон Крушево. Слободно време за индивидуални активности, прошетка и разглед. 
  • Тргнување за Скопје во 18:00 часот
 
Програмата вклучува:
  • Превоз на дадената релација.
  • Организација и водство на патувањетe.
  • Посета на манастирот Св.Преображение

Програмата не вклучува:
  • Влезници за културно историски споменици.
  • Индивидуални трошоци
 
Цена:600 денари 

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета. 
  • Организаторот на патувањето го задржува правото да задржи 90% од вкупната уплатена сума доколку патникот го откаже патувањето до 2 дена пред поаѓање.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
  • Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
  • Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е  должен да ги чека истите.
  • Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.