04.03-06.03

Прв ден: 04.03.2022 (Петок) Скопје-Валона

  •  Поаѓање во вечерните часови од Скопје.Ноќно возење  преку граничен премин Кафасан, со попатни паузи за одмор и царински формалности.Попатно застанување во Елбасан. Слободно време за прошетка и разглед на Елбасан. Во договор со групата поаѓање за Валона.Пристигнување во Валона. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

 Втор ден 05.03.2022 (Сабота) Валона-Карабурун

  • Појадок. По појадокот факултативно крстарење. На ова крстарење се посетува полуостровот Карабурун и Островот Сазан односно маринскиот национален парк Карабурун-Сазан. Овој Марински парк е неформална граница помеѓу двете мориња Јонско и Јадранско. Покрај ова се посетува и пештерата Хаџи Али која името го добива по Албанскиот воин и трговец, кој бегајќи од морските разбојници своето засолниште го наоѓа во оваа пештера. Враќање во хотел. Ноќевање.

Трет ден: 06.03.2022 (Недела) Валона-Тирана-Скопје

  •  Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Групата се упатува кон Тирана. Слободно време за прошетка и разглед низ центарот на Тирана.Во договорено време со групата се упатуваме кон трговск центар Тег. Слободно време за индивидуални активности. Поаѓање за Скопје во вечерните часови.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Aвтобуски превоз на дадената релација;
  • Сместување во хотел со на база 2 ноќевања со појадок во Валона
  • Посета на Елбасан
  • Посета на Тирана
  • Придружник на групата.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
  • Полудневно крстарење 25 евра 
  • Карабурун 10 евра
  • Сазан 10 евра

Цена: 89 евра

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета. 
  • Организаторот на патувањето го задржува правото да задржи 90% од вкупната уплатена сума доколку патникот го откаже патувањето до 2 дена пред поаѓање.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
  • Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
  • Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е  должен да ги чека истите.
  • Со потпишување Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.