НИКИТИ туристичкото место на западната страна на вториот крак на Халкидики-Ситонија. Плажата на Никити е во залив и гледа према првиот крак.Идеално место за туристи кои сакаат убава плажа, чисто море ,долги прошетки покрај плажа со многу ресторани, сувенирници ,детски забавни паркови и разновиден културно-забавен живот. Во непосредна близина се наоѓаат супермаркетите Лидл и Масутис.
Вила Димитра е идеална за одмор со простран двор со трева. цвеќина, палми, скара на жар, лулашки за деца.Вила Димитра е оддалечена на 250 метри од плажа. Располага со трокреветни апартмани во кои има можност и за дополнителен кревет.
Опис на собите:
1/2+1/1 – 3 ЛИЦА
Апартманот се наоѓа на први кат.
Апартманот располага со две простории. Првата просторија е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар, ел.шпорет без рерна, аспиратор, фрижидер и има 1 поединечен кревет. Во втората просторија има 2 поединечни кревети, плакар за алишта, тв, клима и излегува на тераса на која има маса со столици и тенда, со поглед во убавата градина. Апартманот располага со стандардно купатило и вц.
1/2+1/1+1 – 4 ЛИЦА
Апартманот се наоѓа на втори кат.
Апартманот располага со две простории. Првата просторија е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар, ел.шпорет без рерна, аспиратор, фрижидер и има 1 поединечен кревет. Во втората просторија има 2 поединечни кревети со можност за дополнителен кревет, плакар за алишта, тв, клима и излегува на тераса на која има маса со столици и тенда, со поглед во убавата градина. Апартманот располага со стандардно купатило и вц.
Напомена:
- Цените за термините означени со * во табелата означуваат пакет аранжмани и се дадени по лице со вклучен автобуски превоз. Останатите цени односно без * се однесуваат за наем на студио, апартман или дуплекс за 7 ноќи.
- За пакет аранжманот во студио или дуплекс потребни се минимум 2 лица, трето четврто лице се сместуваат бесплатно плаќаат само превоз.
- За патување со сопствен прево се одбива по 10 евра
- Цените во табелата се однесуваатна наем на соба за 7 ноќевања.
- Користењето на клима уредот е бесплатно.
- Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет каде е возможно да застане.
- Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противредност 1 евро 62 денари.
- За уплати на два аранжмани 7+7 ноќевања одобруваме 10% попуст на втората смена.
- Попустите не важат за смените означени со *
- За важечка резервација се смета само со уплата на 30 % од целоснта вредност на аранжманот
- Целосна доплата се врши 15 дена пред поаѓање.
- Агенцијата нема одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата.
- Туристичката такса се плаѓа во агенција 0,5 евра од ноќ од соба, за дуплексите 1 евро од ноќ од соба
Доплати за превоз:
- 35 € за возрасни – повратна карта;
- 25€ за деца до 12 години – повратна карта;
- Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште
***Напомена: Патничкото осигурување е задолжително.