Власинско езеро и Лесковац

18.04.2021

 Власинско езеро е акумулационо езеро на југоисток на Србија. Историски записи во кои се спомнува Власина потекнуваат од 18 век со името Власинско блато или Власинска тресава поради тресата и блато со испирање на речните текови. На тој начин е во кањонот кој е долг 20 -{km}-е направена мочвара која е на некои места била пополнета со жив песок. Власинско езеро е опколено со планините Плана, Грамада, Варденик и Чемерник и истото се наоѓа на 1.213 -{m}- надморска височина. Бојата на вода варира од сиво сина покрај обалата до затворено сина на средината од езеро, со зелени приобални површини дава посебен колорит на власинскиот предел.

Опис на патувањето:

  • Тргнување во 07:30 ч. од паркингот кај Хотел Вип (спроти скопски саем). Собирање на група 07:15.
  • Предвидено време за пристигнување околу 10:00. Слободно време за прошетка и разглед на езерото
  • По посетата на езеротогрупата се упатува кон Лесковац.
  • Слободно време за индивидуална прошетка како и можност за ручек.
  • Предвидено време за тргнување за Скопје во 17:00 часот.


Понудата вклучува:
  • Превоз на наведената релација
  • Посета на Власинско езеро 
  • Посета на Лесковац
  • Организација и водство на патувањето

Понудата не вклучува:
  • Индивидуални трошоци

Цена: 700 денари
 
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 3 дена пред датумот на започнување на истиот.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот. 
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример, задржување на граница, гужва во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
  • За неисправна патна исправа, задоцнување, загубен багаж и откажување на патувањето или промена, агенцијата не одговара и не надокнадува материјална одштета.