Водоча, Вељуса, Струмица

29.11.2020

 Соборниот храм Св. Троица во Радовиш по својата архитектонска концепција припаѓа на типот еднокорабни цркви со впишан крст и сводна куполна партија проектирана во византиски стил.Зафаќа површина од 550 м2, поставен на локација од 4000 м2 на која има партерно уреден простор околу црквата, камбанарија, паркиралиште, фонтана, чешма и административен објект.Црквата е висока 21 м, а камбанаријата 23,5 м. Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна, силно потенциран со отворен трем со колонада од четири столбови, на кои се носат три паралелни свода.Целокупната фасадна обвивка е класична ѕидарија по примерот на старата градителска традиција со видливо присуство на второстепена пластика во архитектурата. На покривот на објектот за првпат во Македонија е применета постапката на патинација на бакарот со употреба на соодветен хемиски премаз.


Селото Вељуса се наоѓа во југоисточниот дел на  Република Македонија, односно во северозападниот дел на Струмица. Ова типично рурално место е сместено во подножјето на планината Еленица на само 11 км од Струмица. Селото Вељуса има многу долга и богата историска традиција уште од најраните древни времиња, а особено со изградбата на познатиот Вељушки манастир посветен на Пресвета Богородица Елеуса (Милостива) во раниот Среден век во 1080 година (XI век) од каде селото го добило и своето денешно име. Постоењето на овој голем, значаени и знаменит манастир, влијаело Вељуса да се развива и опстојува како многу голема и значајна населба со бројно население и разни значајни установи. 

Селото Водоча се наоѓа во Струмичкото Поле, на реката Водочница во југоисточниот дел на Република Македонија. Оваа историски значајна населба се наоѓа речиси во средишниот дел на територијата на Општина Струмица, односно недалеку северозападно од градот Струмица  на оддалеченост од 5 километри, поради што тоа припаѓа во рурбалната зона на централното место Струмица.  Во почетокот на 9 век, за време на византискиот император Никифор I во Струмичко било населено христијанско население од градот Тибериопол кој се наоѓал во областа Витинија во Мала Азија. Во ова време во селото, запишано како Водица живееле 84 македонски христијански семејства.
 
Опис на патувањето:
  • Тргнување од паркинг кај Вип Хотел, наспроти Скопски Саем, во 07:30 часот (собирање на група 07:15 ч.)
  • Предвидено време за пристигнување во Радовиш до 10 часот . Словодно време за посета и разглед на црквата Св.Троица во Радовиш.
  • Во договор со групата се упатуваме во посета на манастирите во Водоча и Вељуса. Посета и разглед на манастирите. 
  • Посета и разглед на манастирот во Вељуса
  • Слободно време за прошетка и ручек во Струмица.
  • Во 17:00 часот тргнување кон Скопје

Понудата вклучува:
  • Посета на црквата Св.Троица во Радовиш
  • Посета на манастирот во Водоча
  • Посета на манастирот во Вељуса
  • Превоз на наведените локации
  • Организација и водство на патувањето

Понудата не вклучува:
  • Индивидуални трошоци 
  • Влезници за културно историски споменици
 
Цена: 500  денари од лице
 
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 3 дена пред датумот на започнување на истиот.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот. 
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример, задржување на граница, гужва во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
  • За неисправна патна исправа, задоцнување, загубен багаж и откажување на патувањето или промена, агенцијата не одговара и не надокнадува материјална одштета.