Водоча, Вељуса, Колешински водопади и Струмица

26.09.2021

Селото Вељуса се наоѓа во југоисточниот дел на  Република Македонија, односно во северозападниот дел на Струмица. Ова типично рурално место е сместено во подножјето на планината Еленица на само 11 км од Струмица. Селото Вељуса има многу долга и богата историска традиција уште од најраните древни времиња, а особено со изградбата на познатиот Вељушки манастир посветен на Пресвета Богородица Елеуса (Милостива) во раниот Среден век во 1080 година (XI век) од каде селото го добило и своето денешно име. Постоењето на овој голем, значаени и знаменит манастир, влијаело Вељуса да се развива и опстојува како многу голема и значајна населба со бројно население и разни значајни установи. 


Селото Водоча се наоѓа во Струмичкото Поле, на реката Водочница во југоисточниот дел на Република Македонија. Оваа историски значајна населба се наоѓа речиси во средишниот дел на територијата на Општина Струмица, односно недалеку северозападно од градот Струмица  на оддалеченост од 5 километри, поради што тоа припаѓа во рурбалната зона на централното место Струмица.  Во почетокот на 9 век, за време на византискиот император Никифор I во Струмичко било населено христијанско население од градот Тибериопол кој се наоѓал во областа Витинија во Мала Азија. Во ова време во селото, запишано како Водица живееле 84 македонски христијански семејства.

Колешински водопад е сместен во југоисточниот дел на Република Македонија, на северните падини на планината Беласица, во долниот дел на реката Баба на надморска височина од 500 метри. Се вбројува меѓу највисоките водопади во Македонија со височина од 15 метри, широчина на падот од околу 6 метри. Според постанокот тој е тектонски водопад создаден во гранитни камења.

 

Опис на патувањето:

  • Тргнување од паркинг кај Вип Хотел, наспроти Скопски Саем, во 07:30 часот (собирање на група 07:15 ч.)
  • Пристигнување во Водоча. Слободно време за посета и разглед на манастирот Водоча.
  • Посета и разглед на манастирот во Вељуса.
  • По посетата групата се упатува кон посета на Колешински водопад.
  • Слободно време за прошетка и разглед на водопадите.
  • По посетата групата се упатува кон Струмица. Слободно време за индивидуални активности.
  • Во 18:00 часот тргнување кон Скопје

Понудата вклучува:
  • Посета на манастирот во Водоча
  • Посета на манастирот во Вељуса
  • Посета на Колешински водопад
  • Превоз на наведените локации
  • Организација и водство на патувањето

Понудата не вклучува:
  • Индивидуални трошоци 
  • Влезници за културно историски споменици
 
Цена: 600  денари од лице
  
  • ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета. 
  • Организаторот на патувањето го задржува правото да задржи 90% од вкупната уплатена сума доколку патникот го откаже патувањето до 2 дена пред поаѓање.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
  • Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
  • Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е  должен да ги чека истите.
  • Со потпишување Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.