Матка и Врело

21.09.2025

Кањонот Матка е едно од најубавите места во Македонија, а пештерата Врело само го надополнува шармот на ова место. Кога ќе се спомене Врело, треба да нагласиме дека всушност станува збор за две пештери (подводна и надводна), од кои подводната е со досега откриена длабочина од 230 метри, што во моментов ја прави најдлабока подводна пештера на Балканот и втора најдлабока во Европа, но длабочината не е целосно откриена

Опис на патувањето:
  • Тргнување од паркинг пред пошта на железничка, во 08:00 часот (собирање на група 07:45 ч.).
  • Пристигнување на Матка. Слободно време за прошетка и разглед. Во договор со групата се упатуваме со кајче кон посета на пештерата Врело. Возењето со чамец трае околу 20 минути во правец. Чамецот застанува на специјализирана платформа, а од таму се пешачи до пештерата. Слободно време за разглед. 
  • Тргнување кон Скопје во договор со групата.
Понудата вклучува:
  • Организација и водство на патувањето
  • Превоз на наведената релација
  • Посета на Матка

Понудата не вклучува:
  • Индивидуални трошоци
  • Карта за чамец 

Цена: 600 денари