Песочната плажа во Шенѓин е една од најубавите плажи каде што може да ги поминувате летните одмори.Локалното население овој дел го смета за „оаза на Јадранот“.Шенѓин ќе ви понуди широки плажи долги 3 километри, чист песок и сино Јадранско море. На само 4 часа возење од Скопје, Шенѓин ќе ви понуди се она што е доволно за вистинско уживање.
Опис на програмата:
- Поаѓање во 01:30 часот ( собирање на група во 01:15 од паркингот пред пошта на железничка)
- Ноќно возење преку Косово со паузи за царински формалности и одмор.
- Предвидено време за пристигнување во Шенѓин во утринските часови.
- Слободно време за еднодневно уживање.
- Враќање во 18:00 часот.
- Пристигнување во Скопје околу полноќ.
Цена: 1200 денари