Козјак е вештачко езеро во Западна Македонија. Тоа е најголемото вештачко езеро во Македонија, сместено помеѓу планината Сува Гора на запад и резерватот Јасен на исток. Кон езерото водат два пата: јужниот пристап кон езерото води од Македонски Брод и се протега по течението на реката Треска. Другиот пристап е од Скопје при што патот се протега под јужните падини на Водно. Козјак е езеро долго 32 километри, некаде е длабоко и 130 метри, а максималното растојание од едниот до другиот брег изнасува 400 метри. Се наоѓа на идеална надморска височина од неполни 300 метри. Има најбогат рибен фонд.
Марков Манастир е македонски православен манастир кој се наоѓа јужно од селото Маркова Сушица, по долината на Маркова Река на нејзиниот лев брег, на 20 км од Скопје. Манстирот е активен и во денешно време, а во него суштествува женско монашко сестринство. Во самиот манастир се наоѓа црквата Св. Димитрија и импозантната камбанерија.
Опис на патувањето:
- Тргнување во 08:30 ч. од паркингот пред Пошта на железничка. Собирање на група во 07:45.
- Посета на езерото Козјак.
- Посета на Марков Манастир
- Предвидено поаѓање од Марков Манастир во договор со групата
Понудата вклучува:
- Превоз на наведената релација
- Посета на Езеро Козјак
- Посета на Марков Манастир
- Организација и водство на патувањето
Цена: 600 денари