19.07.2026

 

Паралија е сместена во прегратка на планината на 12-те богови Олимп и истата претставува прекрасна комбинација на планината и морето. Па така истата претставува идеално место за сите оние кои саката да уживаат во пријатна клима и долга плажа. По долгото шеталиште во вечерните часови може да уживате во големиот избор на продавници кои располгаат со туристички материјали, накит и облека, а тука секако се и баровите и таверните во кои може да се опуштите. 

Опис на програмата:

  • Поаѓање во 03:00  часот ( собирање на група во 02:45 од паркинг пред пошта на Железничка)
  • Ноќно возење со паузи за царински формалности и одмор.
  • Предвидено време за пристигнување во раните утриниски часови
  • Враќање во 20:00 ч. локално време од Паралија.
  • Пристигнување во Скопје во ноќните часови

Цена: 1100 денари

* НАПОМЕНА; Распоредот за седење во автобус се прави според датумот на уплата. За избор на седиште се наплаќа 300 денари за патувања во Македонија, 600 денари за патувања во странство.