Св.Јован Бигорски, Рајчица. Струга

11.10.2025

Еден ден дозволете си да уживате во прекрасните предели на Националниот парк Маврово. Од самото навлегување во него па се до Бигорски манастир ќе не прати чудниот тек на реката Радика, која прекрасно го издлабила својот кањон. Со самото пристигнување во Бигорски манастир ќе може да уживаме во мирот на истиот. Мирот во кој што се наоѓа на момент ќе го прекине ѕвонењето на манастирската камбана. Нејзиниот ѕвук ќе ни одзвонува во ушите се до женскиот манастир-Рајчица. Сместен е над самото Дебарско езеро, недалеку од регионалниот пат кој води кон Дебар. Овој манастир на дланка ќе ви ја понуди цела своја убавина која е испреплетена со нежните раце на монахините кои токму тука вредно ги изработуваат митрите. ..
За крај од ова патување ви гарантираме дека ќе се вратите со импресии и восхитување кое уште долго ќе го раскажувате. . Ве очекуваме


Опис на патувањето:
  • Тргнување од паркинг пред Пошта на железничка, во 07:30 часот (собирање на група 07:15 ч.)Попатна пауза во Кораб Трница. Предвидено време за пристигнување во Св. Јован Бигорски околу 9 и 30  часот. Автобусот останува на паркингот кај ресторанот куќата на Мијаците. 5-10 мин пешачење до манастирот. Слободно време за посета и раглед на манастирот. По посетата се упатуваме кон женскиот манастир Рајчица. Слободно време за прошетка и разглед на манастирот Рајчица. По посетата се упатуваме кон Струга. Слободно време за индивидуална прошетка покрај Дрим, ручек или кафе. Во 18:00 часот тргнување кон Скопје
 
Понудата вклучува:
  • Посета на Св. Јован Бигорски
  • Посета на манастирот Рајчица 
  • Посета на Струга

Понудата не вклучува:
  • Индивидуални трошоци.
  • Влезници за културно историски споменици 

Цена:1200 денари
* НАПОМЕНА; Распоредот за седење во автобус се прави според датумот на уплата. За избор на седиште се наплаќа 300 денари за патувања во Македонија, 600 денари за патувања во странство.