Свети Јоаким Осоговски или познат како Осоговски манастие се наоѓа на само 3 километри североисточно од Крива Паланка, во прегратките на дабовата шума на Осоговските планини и истиот е посветен на пустиножителот и чудотворец Св. Јоаким Осоговски. Осонова е уште во 12 век, познат по името Сарандапор. Токму во овие предели кон крајот на 11 и почеток на 12 век живеел испосникот Св. Јоаким Осоговски. Освен житието на св. Јоаким Осоговски науката не познава други пишани документи и извори за основањето на манастирот. Житието на св. Јоаким е зачувано во преписи од XV век наваму.
Опис на патувањето:
- Тргнување од паркинг пред пошта на Железничка , во 08:00 часот (собирање на група 07:45 ч.)
- Пристигнување во манастирот Св.Јоаким Осоговски. Слободно време за индивидуална прошетка и разглед на манастирот.
- Слободно време за прошетка и разглед на Крива Паланка .По прошетката се упатуваме кон Кратово. Слободно време за прошетка и раглед како и слободно време за индивидуален ручек.
- Во 17:00 часот тргнување кон Скопје.
Понудата вклучува:
- Посета на манастирот Св. Јован Осоговски.
- Посета на Крива Паланка
- Посета на Кратово
- Превоз на наведените локации.
- Организација и водство на патувањето.
Цена 1000 денари