Водоча, Вељуса,Колешински водопади,Струмица
20.09.2025
Селото Вељуса се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, односно во северозападниот дел на Струмица. Ова типично рурално место е сместено во подножјето на планината Еленица на само 11 км од Струмица.
Селото Водоча се наоѓа во Струмичкото Поле, на реката Водочница во југоисточниот дел на Република Македонија. Оваа историски значајна населба се наоѓа речиси во средишниот дел на територијата на Општина Струмица, односно недалеку северозападно од градот Струмица на оддалеченост од 5 километри, поради што тоа припаѓа во рурбалната зона на централното место Струмица.
Опис на патувањето:
- Поаѓање од пред пошта на Железничка, во 07:30 часот (собирање на група 07:15 ч.)
- Пристигнување во манастирот Свети Леонтиј во селото Водоча. Слободно време за разглед на манастирот. По посетата групата се упатува кон селото Вељуса каде што ќе имаме посета на манстирот Св. Богородица Елеуса или познат како Вељушки манастир. Слободно време за разглед на манастирот. По посетата групата се упатува кон селото Колешино. Автобусот останува во селото, а групата пеш се искачува до Колешински водопади. Слободно време за посета и разглед. По посетата се упатуваме кон Струмица. Слободно време за индивидуален ручек, Поаѓање за Скопје во 17:00 часот.
Понудата вклучува:
- Посета на манастирот во Водоча
- Посета на манастирот во Вељуса
- Посета на Колешински водопади
- Посета на Струмица
- Превоз на наведените локации
- Организација и водство на патувањето
Понудата не вклучува:
- Индивидуални трошоци
- Влезници за културно историски споменици
Цена: 1200 денари од лице
* НАПОМЕНА; Распоредот за седење во автобус се прави според датумот на уплата. За избор на седиште се наплаќа 300 денари за патувања во Македонија, 600 денари за патувања во странство.