Бабино е село во Општина Демир Хисар во областа Железник.Селото е најпознато по најголемата приватна библиотека во Македонија, приватната библиотека „Ал-Би“ сопственост на Стево Степаноски, која брои над 20.000 книги, поради која го посетуваат многубројни туристи.
Опис на патувањето:
- Тргнување од паркинг пред Пошта на железничка, во 07:30 часот (собирање на група 07:15 ч.)
- Предвидено време за пристигнување во Бабино околу 10 часот со попатни паузи.
- Слободно време за разглед и прошетка низ Бабино. Можност за посета на библиотеката Алби како и главната селска црква Св. Никола
- Можност за ручек во етно ресторан и рибник Бабино.
- Во 17:00 часот тргнување за Скопје.
Понудата вклучува:
- Превоз на наведената локација.
- Организација и водство на патувањето.
- Посета на Бабино
- Посета на библиотека Алби
Понудата не вклучува:
- Индивидуални трошоци.
- Влезници за културно историски споменици.