social imagesocial image

10.06-12.06

Паралија е сместена во прегратките на планината на 12-те богови-Олимп. Паралија е идеално место за сите оние кои што сакаат да уживаат 
во пријатната медитеранска клима и убавата и долга плажа. Долж шеталиштето во Паралија ќе имате можност да уживате во локалните продавници, но исто така ќе имате можност да уживате во бројните таверни, барови, ресторани и ноќни клубови кои што само ја дополнуваат туристичката понуда на ова место. 

 
Програма:
1 ден (10.06 ) петок
  • Тргнување во 02:00 часот од  паркингот наспроти East Gate. ( Собирање на група 01:45 . Сместување во апартмани. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање. 
2 ден ( 11.06) сабота
  • Слободно време за индивидуални активности и прошетка низ Паралија. Ноќевање
3 ден ( 12.06) недела
  • Напуштање на апартманите. Слободно време за индивидуални активности и прошетка низ Паралија. Во попладневните часови поаѓање за Македонија. 

Понудата вклучува:
  • Две ноќевања во Паралија 
  • превоз на наведената релација
  • организација и водство на патувањето.

Понудата не вклучува:
  • индивидуални трошоци
 
Цена: 3200  денари по лице
 
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета.
  • Во случај на отказ патникот е должен да плати:
  • За отказ до 2 дена пред поаѓање се задржува износ од 90 % од цената на аранжманот
  • За отказ од 3 до 5 дена пред поаѓање се задржува износ од 70 % од цената на аранжманот
  • За отказ од 6-15 дена пред поаѓање се задржува износ од 50 % од цената на аранжманот
  • За отказ преку 15 дена пред поаѓање  се задржува износ од 10 % од цената на аранжманот 
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
  • Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
  • Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е  должен да ги чека истите.
  • Со уплата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.