20.12.2025

Земјата на Бајките, ново големо Божиќно село во термалните бањи во Лутраки ( Пожар). Забава за сите генерации . 

Опис на патувањето:

  • Собирање на групата  во 04:45 на паркингот пред пошта на Железничка. Поаѓање за Лутраки во 05:00.

  • Ноќно возење со попатни паузи за царински формалности и одмор.

  • Пристигнување во Лутраки. Слободно време за индивидуални активности во Божиќното село или за користење на термалните бањи. Прв пат оваа година се организира голем Божиќен настан во Лутраки. Божиќен пазар со десетици дрвени тезги кои нудат храна, пијалоци, слатки, подароци и други рачно изработени производи. Голем број на активности, импресивни настани со музика
  • ​Поаѓање за Скопје во 17:00 часот 

Цена за превоз за возрасни: 1500 денари
Цена за превоз за деца: 1200 денари 

* Напомена: 
Цената за користење на топлите бањи е 3 евра по лице и се плаќа на лице место. 
Цената за влез во Божиќното село е 8 евра по лице и се плаќа на лице место 
Цената за влез во Бижиќното село за деца до 3 години е бесплатен.  



* НАПОМЕНА; Распоредот за седење во автобус се прави според датумот на уплата. За избор на седиште се наплаќа 300 денари за патувања во Македонија, 600 денари за патувања во странство.