28.04.2024

Манастирот Манасија или Ресава е еден од најзначајните споменици на српската средновековна култура и нјзначајната градба кој припаѓа на Моравската школа. Се наоѓа 30 километри од автопатот Белград-Ниш. Манастирот Манасија започнал да се гради 1407 година а истиот е завршен 1418 година. Манастирската црква е посветена на Света Троица и истата е осветена покасно, Целиот комплекс е опкружен со високи зидови кои во минатото служеле за одбрана. Всушност претставува една целина која се состоела од вкупно 11 кули.
Ресавска пештера е заштитен спомени на природата и истиот се сместува во заштитено подрачје од прва категорија. Ресавска или Дивљаковачка пештера е пештера во источна Србија на 20 километри од Деспотовац. Оваа пештера е една од најзначајните туристички пештери во Србија и истата зафаќа надморска височина од 483 метри.
 
Опис на патувањето:
  • Тргнување во 04:00 од паркингот наспроти саем кај Хотел Вип. Собирање на група 03:45. Патувањето води преку граничен премин Табановце. Предвиденото време за пристигнување во манастирот Манасија е помеѓу 9-10 часот.
  • Слободно време за прошетка и разглед на манастирот. По посетата групата се упатува кон посета на Ресавска пештера.
  • Слободно време за прошетка и разглед на пештерата.
  • Индивидуална прошетка и пауза за ручек во Деспотовац
 
Понудата вклучува:
  • Превоз на наведената релација
  • Организација и водство на патувањето

Понудата не вклучува:
  • Влезница за посета на пештерата: 500 динари 
  • Индивидуални трошоци


Цена: 1500 денари од лице
 
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 3 дена пред датумот на започнување на истиот.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот. 
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример, задржување на граница, гужва во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
  • За неисправна патна исправа, задоцнување, загубен багаж и откажување на патувањето или промена, агенцијата не одговара и не надокнадува материјална одштета.