social imagesocial imagesocial image

06.01.2024

Повеќе од 50 години, снег, гостопримство, традиција и софистицирано спокојство се само дел од атрибутите со кои се привлекуваат зимските спортски ентузијасти од Европа  во Ски Центар Маврово. Маврово ски центарот е лоциран во општина Маврово и Ростуше, вгнезден во прекрасниот Национален Парк кој е оддалечен само 100 км од главниот град Скопје, што го прави Скопје Интернационалниот Аеродром најблизок до ски центарот.

Ски центарот може да се пофали со извонредни погледи на околните планини и мавровското езеро и со одлично одржувани скијачки патеки од 1,255м до 1,860м надморска висина, обезбедувајќи совршени услови за скијање на природен и технички снег. Скијачката зона се сервисира со 3 жичари и 11 ски-лифтови кои нудат 25 километри перфектно одржувани скијачки патеки кои се различни и идеални за рекреативни и професионални скијачи, како и за почетници. 

Опис на патувањето:

  • Собирање на групата во 07:15 од паркинг карши Скопски саем кај хотел Вип.Поаѓање во 07:30.
  • Пристигнување во Маврово. Слободно време за индивидуални активности и прошетка.
  • Тргнување за Скопје во 16:00 часот.

Цена: 500 денари

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета. 
  • Во случај на отказ патникот е должен да плати:
  • За отказ до 2 дена пред поаѓање се задржува износ од 90 % од цената на аранжманот
  • За отказ од 3 до 5 дена пред поаѓање се задржува износ од 70 % од цената на аранжманот
  • За отказ од 6-15 дена пред поаѓање се задржува износ од 50 % од цената на аранжманот
  • За отказ преку 15 дена пред поаѓање  се задржува износ од 10 % од цената на аранжманот
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
  • Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
  • Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е  должен да ги чека истите.
  • Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.