Програма:
1 ден (31.12.2025 ) среда Скопје-Солун-Паралија
- Поаѓање во 05:00 часот ( собирање на група во 04:45 од паркингот пред Пошта на железничка. Предвидено време за пристигнување во Солун околу 09:00 часот. Слободно време за прошетка и разглед на Солун. Плоштадот Аристотелис во овој период од годината е во целосна Божиќна и Новогодишна магија. Тука ќе најдете забава за сите возрасти. Ќе го доживеете духот на Нова Година и Божиќ. Во договор со групата околу 14:00 часот се упатуваме од Солун кон Паралија. Пристигнување во Паралија. Сместување во приватни апартмани. Слободно време. Вечерта организирана факултативна свечена Новогодишна вечера во грчка таверна. Вечерта ќе биде исполнета со традиционална грчка храна, пијалок, и грчка музика со традиционални танци. Дочек на Нова Година. Ноќевање.
2 ден ( 01.02.2026 ) четврток Паралија-село Стари Пантелејмон
- Слободно утро. Во договор со групата околу пладне поаѓање од Паралија кон Стари Пантелејмон. Традиционално грчко село кое што од Паралија е одалечено само 45 км. Од 2003 година ова село е прогласено за споменик на национално наследство и поради својата природна убавина е посетено во текот на целата година. Тука куќите се сите од камен, а уличките тесни и калдрмести. Стари Пантелејмон е прав музеј на времето, идилично место каде што може да уживате во природната убавина. Слободно време за прошетка и разглед на селото. Можност за индивидуален ручек во таверните тука. Во договор со групата се враќаме во Паралија. Слободно време. Ноќевање
3 ден ( 02.01.2026) петок Паралија-Лутраки-Скопје
- Напуштање на апартманите. Поаѓање за Лутраки ( Пожар). Пристигнување во Лутраки. Слободно време за индивидуални активности и можност за користење на термалните бањи во Лутраки. Во попладневните часови поаѓање за Македонија.
Понудата вклучува:
- Две ноќевања во апартмани во Паралија
- посета на Солун
- посета на село Стари Пантелејмон
- посета на Лутраки
- превоз на наведената релација
- организација и водство на патувањето.
Понудата не вклучува:
- факултативна Новогодишна вечера-50 евра ( се плаќа во агенција при уплата )
- влез за користење на бањите 3 евра ( се плаќа на лице место )
- Влез од 3 евра во манастирот
Промо цена за уплата до 15.12.2025 : 69 евра ( сметано по курс 62) или 4300 денари
Редовна цена на аранжманот: 100 евра ( сметано по курс 62 )
* НАПОМЕНА; Распоредот за седење во автобус се прави според датумот на уплата. За избор на седиште се наплаќа 300 денари за патувања во Македонија, 600 денари за патувања во странство.