Св.Наум, Поградец, Корча
26.04.2026
Запознајте го Охридското Езеро и од другата страна!
Манастирот „Св. Наум“ е изграден на висока карпа, над самото Охридско Езеро, на неговата најјужна точка, во една месност со ретка природна убавина. Подигнувањето на овој манастир е поврзано со името на Наум, Климентовиот соработник. Св. Наум, пред крајот на својот живот, го основал манастирот Св. Архангел и во 910 година бил погребан во него. Околу манастирот има повеќе други црквички, како: Света Петка, Свети Атанасиј, Агијазмо.
Опис на патувањето:
- Тргнување во 06:00 часот (собирање на група во 05:45 од паркинг пред пошта на железничка)
- Пристигнување во Св.Наум околу 10 часот.Слободно време за прошетка и разглед на манастирот.
- Во договорено време групата се упатува кон првото место од Албанска страна. Поградец. Слободно време за прошетка и рагзлед покрај езеро.
- Во договорено време со групата одиме кон посета на Корча.Слободно време за индивидуални активности.
- Поаѓање за Скопје во 17:00 часот.
Понудата вклучува:
- Превоз на дадената релација.
- Организација и водство на патувањето.
- Посета на Св. Наум
- Посета на Поградец
- Посета на Корча
Понудата не вклучува:
- Индивидуални трошоци
- Влезници за културно историски споменици
Цена:1500 денари