Манастир Високи Дечани и Печка Патријаршија

Манастирот Високи Дечани е српски средновековен православен манастир кој е сместен кај Пеќ во Косово. Го подигнал Стефан Дечански и цар Душан.Изградбата траела од 1326-1327 година па продолжила 1334-1335 година, додека пак фрескоживописувањето е направено во 1348 година. Моштите на Стефан Дечански и Јелена Дечанска се наоѓаат во манастирот. Во 1692 година кога Турците сакале да го претворат манастирот во џамија се случило чудо, па според тоа се верува дека моштите го спречиле уништувањето на манастирот.
Пеќ е град во западниот дел на Косово и Метохија и административен центар на истоимената општина. Maнастирот Печка патријаршија е збир на цркви коj се наоѓа во Пеќ. Пеќката патријаршија е еден од најзначајните споменици на српското минато. Низ вековите наназад во неа се наоѓало седиштето и мавзолејот на српските срхиепископи. Од своето настанување во 13 век, Патријаршијата собирала учени теолози, врвни книжевници и одбрани уметници, па благодарение на тоа денес не само што претставува старо место на српската црква туку и место каде што се чува бројно уметничко наследство.
 
 
Опис на патувањето:
  • Поаѓање од паркинг наспроти скопски саем кај хотел Вип во 07.00 часот (собирање на група 06:45). 
  • Предвидено време за пристигнување во Високи Дечани околу 09 часот. Слободно време за  прошетка и разглед на манастирот.
  • Во претпладневните часови во договор со групата се упатуваме кон Пеќ и Пеќка патријаршија. Слободно време за прошетка и разглед Пеќ.
  • Во 17:00 часот поаѓање за Скопје

Понудата вклучува:
  • Посета на манастирот Високи Дечани
  • Посета на Пеќка патријаршија и градот Пеќ
  • Превоз на наведената релација 
  • Организација и водство на патувањето.

Понудата не вклучува: 
  • Индивидуални трошоци
  • Влезници за културно историски споменици
 
Цена: 800 денари
 
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 3 дена пред датумот на започнување на истиот.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот. 
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример, задржување на граница, гужва во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
  • За неисправна патна исправа, задоцнување, загубен багаж и откажување на патувањето или промена, агенцијата не одговара и не надокнадува материјална одштета.